Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марковска Илиевска: 10 милиони евра за булеварот „Хасан Приштина“ се заглавени во лавиринтот на неспособната Арсовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Марковска Илиевска: 10 милиони евра за булеварот „Хасан Приштина“ се заглавени во лавиринтот на неспособната Арсовска
ПОЛИТИКА

Марковска Илиевска: 10 милиони евра за булеварот „Хасан Приштина“ се заглавени во лавиринтот на неспособната Арсовска

Објавено October 19, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен натрупани проблеми, изјави на денешната прес-конференција советничката во Град Скопје, Анета Марковска Илиевска.

Таа истакна дека на лавиринтите на Арсовска се заглавени пари на народот, а таа не ги користи да им го олесни живеењето на главниот град.

Еден од тие проекти е и изградбата на булеварот Хасан Приштина. Станува збор за капитален проект на кој на сметка на Градот се легнати 10 милиони евра.  Булеварот Хасан Приштина или како што е oпшто познат Качанички пат, во Визбегово до скопската обиколница е од огромна важност со цел растеретување на сообраќајот во овој дел на градот. Според проекциите, во моментот кога за овој булевар се одвоени народни пари, истиот требаше да биде готов до февруари годинава. Наместо да биде готов, годинава булеварот не е ни почнат. Мозокот на неспособната Арсовска очигледно не работи во насока како да ги заврши проектите во корист на граѓаните, вели Марковска Илиевска.

Советничката вели дека очигледно на Арсовска и се важни само личните калкулации или според информации во јавноста парите наместо за булевар се вртеле за други намени, за истиот се правеа тендери за избор на фирми кои ќе го градат, иако има институции што се занимаваат со тоа.

-Додека Арсовска не ги користи парите кои ги има на сметка за да го подобри живеењето на граѓаните, Владата додели средства за 270 проекти за сите општини во Македонија во вредност од нешто повеќе од 4 милијарди денари што е само прв бран на инвестиции во општините. На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, ама затоа стартуваше промена на секоја педа на државава во корист на народот, вели таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Евакуирана и затворена Зоо Скопје, пронајден „птичји грип“ кај гуска
Следна Статија Стружанка прегазена во Охрид, со тешки повреди пренесена во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика

Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители. Советот…

November 3, 2024
ПОЛИТИКА

Георгиев разговарал со Муцунски: Софија нема други услови надвор од францускиот предлог

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, разговарал телефонски разговор македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски, и го информирал…

June 11, 2025
ПОЛИТИКА

Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

За Скопје поднесени 18 листи на кандидати за градоначалник и 20 листи за советници

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?