Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марковска Илиевска: Неспроведување на Одлуката на Советот е резултат на самоволието на Арсовска, скопјани да знаат дека виновникот за хаосот на улиците има име и презиме – Арсовска и СДС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Марковска Илиевска: Неспроведување на Одлуката на Советот е резултат на самоволието на Арсовска, скопјани да знаат дека виновникот за хаосот на улиците има име и презиме – Арсовска и СДС
ПОЛИТИКА

Марковска Илиевска: Неспроведување на Одлуката на Советот е резултат на самоволието на Арсовска, скопјани да знаат дека виновникот за хаосот на улиците има име и презиме – Арсовска и СДС

Објавено November 30, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Данела Арсовска и СДС вчера беа спречени во обидот да го блокираат и парализираат Скопје, рече на денешната прес-конференција Анета Марковска-Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

Јасна е работата. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е градот Скопје да ги измени правилниците и цените по изминат километар за приватните превозници, а предлогот на СДС, поддржан од Левица и ДУИ е да се поскапи автобускиот билет за граѓаните. На вчерашната седница на Советот се изгласа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, и Данела Арсовска го поништи гласањето. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ направија се што е во нивна можност да се реши проблемот со приватните превозници, се што требаше е Данела Арсовска да не води инает со Скопјани и да го спроведе Заклучокот донесен од Советот. Скопје не смее да биде блокирано заради инает на една личност. Неспроведувањето на одлуката е резултат на самоволие и насилие на Данела Арсовска, поддржано од Левица, СДС и ДУИ. Поништувањето на легитимно и легално гласање постои во резимот на Чаушеску, во Северна Кореја и денес кај Данела Арсовска. Ако нема решение до понеделник, какво и да е приватните превозници нема да сообраќаат и повторно нема да функционира јавниот превоз, истакна Марковска Илиевска.

Скопјани да знаат која е адресата на виновникот за хаосот на улиците – Данела Арсовска и СДС, додаде таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години
Следна Статија Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Василевска: ДУИ сака да се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата

Македонското општество покрај оние наметнати проблеми со коишто се соочува, економската егзистенција, политичката стабилност, многу други прашања кои се од…

March 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?