Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници
СВЕТ

Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници

Објавено November 21, 2024 13:48
Сподели
Сподели

Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го водат новоформираниот Оддел за владина ефикасност, соопштија дека го поддржуваат предлогот вработените во федералните органи на власта да работат од канцеларија пет дена во неделата.

Повеќе од половина од 2,3 милиони вработени во американската влада во моментов не работат од далечина поради спецификите на нивните позиции, кои бараат присуство на лице место за следење на квалитетот на работата, а останатите поминуваат околу 61 отсто од своето работно време во канцеларија, информира Волстрит Џурнал повикувајќи се на извештај на Канцеларијата за управување и буџет.

Предлогот доаѓа како дел од широката ревизија на државната администрација, а најавената промена може да доведе до „бран доброволни откази што го поздравуваме“, напишаа Маск и Рамасвами во колумна за Волстрит Џурнал.

Ако федералните службеници не сакаат да се појават на работа, американските даночни обврзници не треба да им плаќаат за привилегијата од Ковид ерата да останат дома, велат тие во колумната, истакнувајќи дека ова се некои од првите цели на одделот, за кој Трамп рече дека ќе дејствува надвор од владата и ќе им понуди придонес на федералните службеници.

Во рамките на законот, претседателот има право да воспостави правила со кои се регулира работата на државните службеници со цел да се ограничи административниот апарат.

Маск вети дека ќе елиминира два трилиони долари од годишниот буџет на Соединетите Американски Држави и рече дека на владата и требаат само 99 агенции, не повеќе од 400.

Вкоренетата и растечка бирократија е егзистенцијална закана за нашата земја, а политичарите предолго ја поддржуваа. Затоа ние ги правиме работите поинаку. Ние сме претприемачи, а не политичари. Ќе служиме како надворешни волонтери, а не како федерални службеници или вработени. За разлика од владините комисии или советодавните одбори, нема само да пишуваме извештаи или да сечеме ленсти. Ќе ги намалиме трошоците, велат Маск и Рамасвами.

Тие наведоа дека посебно ќе се фокусираат на иницирање промени преку извршна акција врз основа на постојното законодавство, наместо да се носат нови закони. Што се однесува до најавеното намалување на бројот на федерални регулативи, целта е да се обезбеди „здрава индустриска логика за масовно намалување на бројот на вработени во сојузната администрација“, се посочува во колумната.

Зборувајќи за потребата да се намалат трошоците за државните службеници, Маск и Рамасвами го привлекоа вниманието на законодавните мерки насочени кон заштита на службениците од отпуштање по налог на претседателот и лицата што тој ги назначува.

Истовремено, потсетија претприемачите, целта на законот е да се заштити од персонализирана политичка одмазда, додека претседателот го задржува правото да отпушти вработени без да именува конкретни лица. Според извор запознаен со плановите за спроведување на оваа иницијатива, американските власти би можеле да направат таков чекор што е можно поскоро по инаугурацијата на новата администрација, која ќе се одржи на 20 јануари, пишува Волстрит Џурнал.

Претставниците на синдикалното движење се спротивставија на најавените реформи и порачаа дека за промената на условите за работа треба да се разговара преку колективно преговарање. Во моментов, синдикатот, кој обединува околу 110.000 државни службеници, се консултира со адвокати, рече лидерот на синдикатот Ренди Ервин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сараево осамна под снег: Зимската идила направи колапс, сообраќајот забавен, тротоарите затрупани
Следна Статија Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

Соединетите Американски Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку нема јасни…

April 18, 2025
СВЕТ

Медведев: Зеленски е наркоман и изрод

Поранешниот руски претседател и висок функционер на Кремљ, Дмитриј Медведев, упати уште една закана со нуклеарно оружје откако украинскиот претседател…

September 25, 2025
СВЕТ

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги…

August 19, 2025
СВЕТ

Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале повеќе од илјада мигранти

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера 1.194 мигранти со 18 чамци од Франција преку Ла Манш пристигнале во…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?