Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маск се залага борбените авиони да се заменат со дронови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маск се залага борбените авиони да се заменат со дронови
СВЕТ

Маск се залага борбените авиони да се заменат со дронови

Објавено November 26, 2024 10:27
Сподели
Сподели

Милијардерот Илон Маск, кој е назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја води комисијата за намалување на трошоците на федералната влада, изјави синоќа дека борбените авиони треба да се заменат со беспилотни летала бидејќи тие се иднината на судирите во воздух.

Во ерата на беспилотните летала, борбените авиони се застарени и нивниот единствен резултат е смрт на пилотот, објави Маск, шеф на вселенската компанија SpaceX и автомобилската индустрија Тесла, на својата платформа Икс.

Зборувајќи за најсовремените борбени авиони на Локхид Мартин, што се сметаат водечки на американските ВВС откако стапија во служба во 2015 година, Маск рече дека „идиоти се уште градат борбени авиони со екипаж како што е Ф-35“. Покрај тоа, тој објави видео од стотици дронови „во формација“ во воздухот.

Стелт авионот од петта генерација, Ф-35 неодамна беше предмет на извозни договори за Романија, Полска, па дури и Германија.

Развојот на тој авион беше бавен поради неговата сложеност, особено компјутерските програми, а неговите оперативни трошоци беа многу високи.

Дизајнот на F-35 не успеа во однос на поставените предуслови…Ф-35 стана комплексна машина без никаква борбена посебност, наведе Маск.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија
Следна Статија Од притвор ИТНО пренесен на интензивна нега: Екс-министерот Весиќ со влошена здравствена состојба поради штрајкот со глад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Наследникот на Хамнеи ќе биде избран за ден-два

Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека, по смртта на Хамнеи, нов…

March 1, 2026
СВЕТ

САД ќе го развиваат новиот систем за противракетна одбрана „Златна купола“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп развива нов систем за ракетна одбрана наречен „Златна купола“. „Златна купола“ ќе се состои…

August 13, 2025
СВЕТ

Масовен напад врз Украина, одекнуваат експлозии

Русија започна голем ракетен напад врз Украина во раните утрински часови, погодувајќи градови во неколку региони. Воздушни напади се активирани…

October 16, 2025
СВЕТ

Никола Саркози пуштен од затвор, ќе оди во куќен притвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор откако судија пресуди дека може да го отслужи остатокот од…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?