Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида
СВЕТ

Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида

Објавено January 5, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони доцна синоќа имаше средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која се одржа на имотот Мар а Лаго во државата Флорида, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони доцна синоќа замина во САД за да разговара, според италијанските и американските новинари, на повеќе теми – војната во Украина, кризата на Блискиот Исток, а исто така и случајот со италијанската новинарка Чечилија Сала, која беше уапсена во Техеран на 19 декември и држена во самица во затворот „Евин“ во близина на главниот град на Иран.

Состанокот на Мелони со Трамп траеше неколку часа, а на него присуствуваше и Марко Рубио, иден државен секретар во администрацијата на милијардерот републиканец. На средбата беше и Скот Бесант, идниот министер за финансии на Трамп, како и Мајк Волц, иден советник за национална безбедност во Белата куќа и Тилман Фертита, идниот американски амбасадор во Италија.

Мелони беше придружувана од италијанската амбасадорка во САД, Марианџела Запа. Мелони пристигна во Мар а Лаго околу 1:30 часот по полноќ по италијанско време и полета назад во Италија четири часа подоцна.

Според известувачот на „Волстрит журнал“, Трамп и рекол на Мелони дека таа „навистина ја освоила Европа“ и дека е „многу возбуден што е тука со фантастична жена, премиерката на Италија“. Рубио, пак, ја нарекол Мелони „голем сојузник и силен лидер“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре e Бадник, а задутре Божик
Следна Статија Дресот на Дерик Роуз во Чикаго се повлекува од употреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Би-Би-Си ќе му се спротивстави на Трамп, нема основа за тужба за клевета

Британската Би-Би-Си ќе се спротивстави на каква било правна постапка што ќе ја покрене Доналд Трамп против неа, им изјави…

November 17, 2025
СВЕТ

(ВО ЖИВО) ПОЧНА ПАРАДАТА, ПУТИН ДРЖИ ГОВОР Светски лидери и 14.000 војници на Денот на победата над фашизмот

Денот на победата над фашизмот денес се одбележува со голема воена парада во Москва. Оваа година, светските лидери присуствуваат на…

May 9, 2025
СВЕТ

Трамп ќе добие 15 милиони долари по спогодба за клевета од телевизијата ABC

Телевизијата ABC се согласи да ѝ плати на претседателската библиотека на Доналд Трамп 15 милиони долари како дел од спогодбата…

December 15, 2024
СВЕТ

Анализа: Путин дури и не сака да го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име.…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?