Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра

Објавено December 29, 2024 12:17
Сподели
Сподели

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се обесштетуваат баратели со правосилни решенија за денационализација донесени во период од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година. Станува збор за обесштетување на вкупно 108 баратели.

Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои ги издава Министерството за финансии, во евро валута, а гласат на име, и се неограничено преносливи. Номиналната вредност и каматата од 2% годишно на имателите на обврзници се исплаќа еднаш во годината во период од 10 години, односно на 10 еднакви рати, а за оваа емисија исплатата ќе започне од 1 јуни 2025 година.  Имателите на обврзницата може истата да ја материјализираат, односно со неа може да тргуваат на секундарниот пазар на Македонската берза.

Согласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација,  Министерството за финансии, почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата  со одлука го утврдува износот на обврзниците за денационализација коишто се издаваат.

Државата досега има издадено 22 емисии на обврзници за денационализација на износ од  397 милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муртезани: Да не инсистираме само на едно решение со Бугарија, туку да продолжиме да ги браниме нашите позиции
Следна Статија Парично казнети 23 угостители: Вонредни контроли на АХВ кај организаторите на предновогодишни прослави

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за април изнесува 62.691 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Според експертите, најдобро е британскиот заем да се инвестира во Чебрен

Експертите сметаат дека инвестицијата во Чебрен со помош на британскиот заем би претставувала значаен чекор напред. Ова би било најразумно,…

June 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата

Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50%…

February 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Годишна инфлација околу четири проценти, силни контроли во супермаркетите

Годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ваквите проекции за инфлацијата се…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?