Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство, двајцата одат во вториот изборен круг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство, двајцата одат во вториот изборен круг
БАЛКАН

Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство, двајцата одат во вториот изборен круг

Објавено December 30, 2024 08:20
Сподели
Сподели

Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби во Истра, Меѓумурје и Вараждин, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, победи само во странство, покажуваат вечерва објавените резултати на хрватската Државна изборна комисија (ДИК).

Според последните податоци, врз основа на речиси 99 отсто обработени избирачки места, Милановиќ убедливо води, но падна под 50 отсто од гласовите. Тоа значи дека за две недели ќе се оди на втор круг, каде противник ќе му биде второпласираниот Драган Приморац, кој освои многу помалку гласови – 19,5 отсто.

Трета е независната кандидатка Марија Селак Распудиќ со 9,16 отсто од гласовите.

Последните резултати покажуваат дека Милановиќ има најмногу гласови дури и во окрузите кои важат за тврди упоришта на ХДЗ и на десницата, како што е Личко-Сењската. Речиси 40 отсто од оние што излегле на гласање гласале за Милановиќ во таа жупанија, а 35,11 отсто за Приморац.

Актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ им се заблагодари на гласачите на социјалната мрежа Фејсбук.

„Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Милановиќ.

Вториот изборен круг ќе се одржи на 12 јануари.

Во Хрватска денеска се одржа последниот чин од таканаречената суперизборна година – осми избори за претседател на државата – се одржа првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни, на кои учествуваа осум кандидати. 

Се гласаше на нешто повеќе од 6.500 избирачки места, а право на глас имаа 3.762.224 гласачи.

Од независноста на Хрватска, Фрањо Туѓман и Стјепан Месиќ беа претседатели во два мандата. По еден мандат освоија Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ. Актуелниот претседател Зоран Милановиќ на овие избори се бори за втор мандат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФИФА го казни Шкупи
Следна Статија Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 100 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март

Претседателката на Собранието на Србија изјави дека нема да има голем собир организиран од властите во Белград и дека нема…

March 3, 2025
БАЛКАН

Пендиков е по уметноста: „Обесправениот“ Бугарин во театарот во Софија

Христијан Пендиков кој предизвика тензии меѓу Бугарија и Македонија е забележан во тeатарот во Софија во толпата која негодуваше за…

November 11, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) „Паднаа“ членови на „Пинк Пантер“во Грција: Од златара украле злато во вредност од пола милион евра

За грабеж во златарница во хотелски комплекс на Халкидики извршен на почетокот на септември минатата година и украдени часовници и…

January 6, 2026
БАЛКАН

„Балкане Балкане мој“: Пропадна Самитот за Западен Балкан поради тендер за организацијата

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?