Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
СПОРТ

Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија

Објавено November 13, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Министерството за спорт на Македонија официјално информираше дека ги поништило решенијата за извршување на спортска дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија.

„Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.

Истото резултираше со исклучување на двете екипи од Ракометната федерација на Македонија и изрекување мерки на суспензија за повиканите официјални лица.  По изрекувањето на овие мерки од страна на РФМ, Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила кои се резултат на меѓународни консензуси во дејноста спорт и секогаш да бидат подготвени да го сочуваат спортскиот дигнитет, зашто преку спортот, како општо препознатлива вредност, покрај останатите придобивки, се претставува и афирмира македонскиот спорт во меѓународни рамки и се јакне националната свест“.

Ова е резултат на скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија на натпревар на кој ракометарките на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје сами си постигнуваа автоголови“ – Стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Рама со остри критики за самитот за климатските промени: Што, всушност, правиме на оваа средба, луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат
Следна Статија Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Oва е Залбах во Австрија каде се одржува Светско првенство во алпско скијање

- Австриската скијачка Стефани Вение го освои златниот медал на денешната трка во супервелеслалом возена на Светското првенство во алпско скијање.…

February 6, 2025
СПОРТ

Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај

Поранешниот сопственик на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, планира да се врати во европскиот фудбал со купување на турскиот гигант…

October 23, 2025
СПОРТ

(Видео) Започна новата ера во Лос Анџелес: Дончиќ дебитираше за Лејкерси

Лука Дончиќ го забележа својот прв настап за ЛА Лејкерс во победата на неговиот тим над Јута Џез од 132:113.…

February 11, 2025
СПОРТ

Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?