Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за финансии в понеделник во контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерството за финансии в понеделник во контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров
МАКЕДОНИЈА

Министерството за финансии в понеделник во контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров

Објавено December 14, 2024 11:47
Сподели
Сподели

Има ли нерегуларности во приредувањето на наградните игри организирани од Бојан Јовановски познат како Боки 13 и водителот Стефан Лазаров? Ова ќе треба да одговорат од министерството за финансии од каде најавија дека во понеделник ќе спроведат контроли.

Воедно, заради значајниот интерес во јавноста за овој случај, во понеделник надзорните органи во состав на Министерството за финансии ќе спроведат соодветни контроли на оваа активност и во случај на утврдување на нерегуларности ќе се преземат соодветни мерки согласно Закон, соопштија од Канал 5 ТВ.

Наведените лица немаат доставено барање до Министерството за финансии и аналогно на тоа Министерството за финансии нема издадено дозвола за приредување на наградна игра согласно Законот за игри на среќа и забавните игри, објавуваат од Канал 5 ТВ.

Сакаме да напоменеме дека МФ издава согласности за приредување игри на среќа согласно Законот за игри на среќа и за забавните игри, во којшто е дефинирано дека игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта. Притоа посочуваме дека за наградната игра за која имате доставено прашање не е активност која се регулира со Законот за игрите на среќа, па оттаму и Министерството за финансии не е надлежно да издава согласност за приредување – Гивавеј на социјалните мрежи. Дополнително, истакнуваме дека со оглед на тоа што оваа активност станува се почесто присутна на социјалните мрежи, во Министерството за финансии се разгледуваат можностите за нивна законска регулација, стои во дописот од Финансии до Канал 5.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле
Следна Статија Мицкоски: Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка,…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари и се заблагодари на Бугарија и на целиот бугарски народ за солидарноста

Сакам да изразам благодарност до нашата соседна земја Бугарија, Министерството, претседателот и целиот бугарски народ за оваа солидарност, која навистина…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Сите државни патишта се целосно исчистени

Сите државни патишта низ Македонија се целосно исчистени од снег и сообраќајот се одвива непречено на целата територија на земјата.…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија вчера ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?