Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Концепт „Наше дете“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Миноски: Концепт „Наше дете“
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Концепт „Наше дете“

Објавено February 4, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Последните трагични настани се уште еден доказ за целосната ерозија на системот. Кога изместениот систем на вредности и негативната селекција стануваат правило, а компетентноста – исклучок, последиците се разорни, пишува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

Време е за меритократија – систем заснован на објективни критериуми, а не на списоци со луѓе без стручност и компетенции, избрани по послушност наместо по заслуги. Кога „нашите деца“ се селектираат според врски и припадност, а не според знаење и труд, добиваме деградирани институции – од градинки и училишта, преку универзитети и здравствени установи, до полиција, обвинителства и судови.

Овој модел не доведе до демографска катастрофа – од држава со два милиони жители, веќе се сведовме на 1,8 милиони, со континуиран тренд на иселување. На дното сме според висината на просечната плата и нивото на бруто-домашниот производ по глава на жител. Системот на неспособни „наши деца“, наследен од комунизмот, е самоуништувачки – создава неправда и корупција, ги гуши можностите за способните, ги принудува да ја бараат својата иднина надвор од државата.

На крајот, кога продуктивните ќе заминат, нема да остане кој да го полни буџетот, а „нашите деца“ нема да имаат со што да управуваат. И додека молчиме, сите останати деца на останатите мајки и татковци полека ќе купуваат карта во еден правец, заклучува Миноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо: Јас сум најдобриот во историјата и точка
Следна Статија Возачот кој ја уби Фросина може да добие до 20 години затвор: Вo петок јавна расправа за законски измени за зголемена безбедност во сообраќајот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Шилегов денеска ќе каже кој во СДСМ е по психотропните супстанци

Петре Шилегов во живо на телевизиска емисија дозна дека ќе биде исклучен од членство во СДСМ поради тоа што рече…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во рамки на работната посета на Грција, оствари средба со…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инспекторите се на терен, во сите поголеми супермаркети, вели Мицкоски, обврска ни е да го штитиме стандардот на граѓаните

Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?