Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: 250 милиони евра се ставаат на располагање на стопанството за инвестиции и развој на домашни компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: 250 милиони евра се ставаат на располагање на стопанството за инвестиции и развој на домашни компании
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: 250 милиони евра се ставаат на располагање на стопанството за инвестиции и развој на домашни компании

Објавено January 28, 2025 14:03
Сподели
Сподели

На владина седница која се уште трае беше донесена одлука, со која како што ветивме, се ставаат на располагање на стопанството 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Ова историски досега најголема сума којашто директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие можат да ги користат овие пари преку давање би рекол за денешните пазарни услови, супер ниска каматна стапка. Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која овие пари ќе станат достапни за компаниите е преку Министерството за финансии кое со цел воспоставување на кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва и одобри на Развојната банка, бескаматен заем во износ од 250.000.000 евра – рече Мицкоски.

Развојната банка, додаде тој, ќе ги стави на располагање на банките учеснички преку Рамковен договор за учество со намена финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски субјекти запишани во Трговскиот регистар.

Максималниот рок е оној којшто го зборувавме, до 15 години со вклучен грејс период до 3 години за банките учеснички. Краен датум е 15 години од датумот на потпишување на договорот за задолжување. Банките ќе ги одобруваат кредитите на крајни корисници при што средствата може да се користат за: Инвестиции во основни средства. Крајниот корисник задолжително учествува со минимум 20% од вредноста на инвестицијата. Каматна стапка на годишно ниво си останува 1,95% она што веќе и е познато на македонската јавност, без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност. Сакам да изразам благодарност до банките кои изразија интерес да учествуваат во распределбата на овие пари за стопанството, а Министерството за финансии преку Развојната банка ќе го менаџира овој процес. Очекувам значајно влијание за стопанството од овие средства и пари кои доаѓаат во време на криза, предизвици и отежнати глобални услови за домашните компании – рече премиерот на денешната прес-конференција

Тој нагласи дека овие 250 милиони евра ќе ги зајакнат компаниите, а крајниот бенефит ќе го имаат граѓаните преку засилен стандард и подобра куповна моќ. Ова ќе обезбеди нови вработувања и сигурна работа за многу компании и неколку илјади нови работни места очекуваме.

Вака се грижиме за домашната економија, и на овој начин ја помагаме и домашната економија и иницијатива, затоа што државата мора да служи на граѓаните и Македонија мора да биде повторно ваша – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По Вучевиќ оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад- студентите велат остануваме на блокадите
Следна Статија Најмалку 18 повредени меѓу кои дете и бремена жена- автобус удрил во луѓе на автобуска во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП со апел до граѓаните закуподавачи: Пријавете го доходот остварен од закуп на недвижен имот

Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Германската автомобилска индустрија тоне сè побрзо: Загуби дури 51.500 работни места за една година

Германската автомобилска индустрија е во голем пад: во текот на изминатата година, индустријата изгуби повеќе од 51.000 работни места, речиси…

August 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Нема ретроактивно оданочување, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните од странство

Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска пропишана во Законот за данок на личен доход…

February 2, 2026

Сенаторот Тим Скот го одлага гласањето за криптовалути во Банкарскиот комитет

Претседателот на Банкарскиот комитет на Сенатот го одложува планираното гласање поради забелешки од клучна криптовалутна компанија.

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?