Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

Објавено January 28, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” зборуваше за неговото физичко следење од страна на службите додека беше лидер на опозицијата за што потенцираше дека била класична злоупотреба на државните ресурси и дека нема никаква разлика од прислушкувањето преку злоупотреба на државни ресурси за што луѓе лежат во затвор.

„Што е разликата помеѓу злоупотреба на државните ресурси и прислушкување и физичко покривање исто така со злоупотреба на државните ресурси на претседател на најголема политичка партија во опозиција во тој момент? Што е разликата? Нема разлика, за ова луѓе во затвор се, за ова луѓе се во затвор. Тоа што врз основа на наводна информација добиена од информатор била составена белешка која потоа врз основа на процедурата на агенцијата служела како алиби за да може институционално да биде следен истакна дека не е во ред, а тоа се потврдува и со тоа што МВР не била информирана. Врз основа на тоа што успеав да го видам и да го слушнам од луѓето со коишто комуницирам, а тие се вработени во агенциите коишто се занимаваат со безбедност, тогаш можам да заклучам дека станува збор за внатрешна процедура во која што се користат ресурси на овие агенции коишто најчесто постапуваат по принципот на добиена информација, без да има материјални докази“, истакна Мицкоски и додаде:

„Тоа за мене не е во ред и ќе ви кажам и зашто. Затоа што ако јас сум финансирал, инспирирал вооружена формација којашто во тој момент претставувала опасност за правниот поредок и Уставот на Македонија, а тоа го констатирала една од овие две агенции, тогаш логично е таа агенција да го информира Министерството за внатрешни работи. Прашањето е зошто не го информирала? Ќе го дадам и одговорот. Затоа што тој период кога таа агенција го констатирала ова преку информација добиена од свој извор, не го информирала министерот бидејќи во тој период министер е техничкиот министер Наќе Чулев. Затоа што не е точно. Затоа што ќе се констатирало класична злоупотреба.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст
Следна Статија Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителството отвори предмет за транспорт на мозоци во САД

Јавното обвинителство на Република Македонија оформи предмет по информациите во јавноста поврзани со транспорт на мозоци од починати лица во…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ го избугари извештајот на ЕП за Македонија

Ни вековен ни модерен. Македонскиот јазик едноставно исечезна од извештајот за напредокот на Македонија. Ова е уште еден срам за ЕУ кој…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Борбата против корупција и криминал!

Согласно сите релевантни извештаи, корупцијата е еден од најголемите предизвици за нашето општество. Затоа, сите активности на институциите насочени кон…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?