Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка

Објавено November 9, 2024 14:01
Сподели
Сподели


Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што изјави Мицкоски, дефинирани се и цените.

Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките.

Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од министерот за економија, остварена е комуникација со коморите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа се гледа од извештаите што ги објавува Државниот завод за статистика. Видовте дека по не знам колку време, месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти, односно сме во дефлација кога ќе се споредат октомври и септември. Жал ми е што од опозицијата тоа беше критикувано, но бројките се немилосрдни. Ефектите од мерката граѓаните може да ги почувствуваат и се гледа во бројките, октомври има намалување, нема веќе инфлација, туку има дефлација од -0,7, а беше 0,3 отсто во септември во однос на август. Сега имаме еден процент надолу што е заштеда од 1 000 до 1 300 денари, но тоа не е доволно, ќе продолжиме да работиме. Не можеме се веднаш и преку ноќ, но важно е да се гледа дека работиме, граѓаните да сфатат дека има генерација политичари кои сакаат да работат, веќе петти месец правиме се што можеме за животот на граѓаните да им биде подобар – истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на три патни правци кај Велес.

Мицкоски беше придружуван од заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, како и од Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје утрово 7-ми во светот со најзагаден воздух
Следна Статија Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Голем раст на градежништвото и транспортот, ја градиме Македонија

Бруто домашниот производ порасна за 3.4% во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“

Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори…

March 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски.…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?