Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме делото на Св. Климент Охридски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме делото на Св. Климент Охридски
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме делото на Св. Климент Охридски

Објавено December 8, 2024 11:00
Сподели
Сподели

На овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски, нашиот голем народен светител и просветител, кој го упати народот во верата и го издигна на образовно, морално и духовно поле, стои во честитката на Премиерот на Владата Христијан Мицкоски.

„Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја.

Св. Климент Охридски е основоположникот на Македонска православна црква и на нашата писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на многу луѓе кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со силна вера, дисциплина и посветеност, ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов.

Денес кога се соочуваме со бројни предизвици потребно е да го следиме неговото дело кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки. Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време“, нотира во објавата.

Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!, -потенцира во честитката Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трите најамбициозни хороскопски знаци, тие секогаш сакаат да бидат подобри
Следна Статија Не издавале фискални, а имале и други неправилности -УЈП казни 126 даночни обврзници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, еден…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратениците од СДСМ ја напуштијата расправата за Резолуцијата за мигрантите која треба да ги осуди нивните лаги

Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница, на која во тек се опозициски пратенички прашања, откако координаторот на…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?