Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си

Објавено October 6, 2024 18:00
Сподели
Сподели

Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Како што истакна Мицкоски, Ахмети треба да покаже визионерство преку проекти и идеи, како и да покаже дека ја почитува Македонија.

Мицкоски во обраќањето на 33. годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ апелира и до останатите опозициски партии, да излезат од сегашната матрица, да ги надминатат суетите и потребата се да се критикува по секоја цена и наместо тоа, да излезат со нивни предлози за креирање уште подобри решенија.

Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зеат празни, за 20 години повеќе од 100 000 Албанци се иселија од државата. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, да си дофрлуваме и да подгреваме тензии. Знам дека ти одговара да влегуваш во конфликти со мене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна, теснопартиска политика. Надмини го тоа, придонесете со предлози и проекти. Јас ви ветувам, ќе прифатиме се што ќе значи прогрес и развој на земјата. Не е добро секогаш кога сте опозиција да почнувате етнички теми, а кога сте на власт да станувате зелена партија, истакна Мицкоски.

Додаде и дека Албанците во земјава живеат лошо.

Неспороно е дека дел од Албанците го почитуваат Ахмети, но зошто да не ја заслужи почитта и од Македонците? Покажа визионерство за некои работи, но треба да покаже визионерство и преку проекти, идеи и визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се, опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа, а за тоа што го правеа има институт што се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам, ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури, потенцира Мицкоски.

Тој упати порака и до останатата опозиција.

До кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за идеи и проекти. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминиете го тоа, суетата и потребата се да се критикува по секоја цена. Еве, за почеток, поддржете ги мерките за младите, понатаму предложете и вие ваши мерки. Ако постои можност, ви ветувам дека ќе ги прифатиме, истакна Мицкоски.

Конференцијата е насловена „Иднина за сите, сега!“, а се одржува во СЦ „Билјанини извори“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години
Следна Статија (ВИДЕО) Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Коалицијата ДУИ–ЛЕВИЦА е предавство кон Албанците и европската иднина

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, остро ја критикуваше соработката меѓу Демократската унија за…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

Осум кандидатури за градоначалник во Куманово

Во Општинската изборна комисија Куманово поднесени се осум кандидатури за градоначалници и 14 листи за советници за претстојните локални избори,…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и другите големи објекти, бара ЛДП

Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи…

March 20, 2025
ПОЛИТИКА

Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?