Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Јотова: Дозволете ѝ на македонската заедница да се организира во невладини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски до Јотова: Дозволете ѝ на македонската заедница да се организира во невладини
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Јотова: Дозволете ѝ на македонската заедница да се организира во невладини

Објавено October 18, 2024 20:30
Сподели
Сподели

Ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за почитување или непочитување на човековите права. Тоа е Судот за човекови права во Стразбур. За жал, имаме земји-членки во Европа кои што имаат десетици такви пресуди кои што не ги почитуваат. Претпоставувам тоа ќе важи и за земјите-членки, а не само за кандидатите, рече премиерот Христијан Мицкоски по повод последните изјави на бугарската потпретседателка Илијана Јотова упатени кон македонските власти.

Мицкоски ја упати Јотова советите да ги даде и до тие земји-членки на ЕУ кои што треба конечно да ги почитуваат човековите права.

–Имаме 14 пресуди за македoнската заедница во Бугарија. Ги повикувам истите овие кои што нас ни даваат совети, да ги советуваат и бугарските власти, да ѝ дозволат на македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Не бараме да бидеме дел од Уставот, туку да се организираат во невладини организации. Тоа можат да го направат во таа насока, кажа Мицкоски од општина Гази Баба, каде што присуствуваше на поставување на камен-темелник за нова училишна зграда.

Јотова вчера од Ќустендил советуваше дека Македонија треба подобро да ги разбира европските вредности.

–Би сакал да ги повикам моите колеги од Република Македонија да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ, постои едно главно прво поглавје – „Основни права“. Овие права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една земја која верува дека не се почитуваат човековите права, особено оние на претставниците на различни народи и народи, овој процес никогаш нема да заврши, рекла Јотова.

Според неа, нашата земја не знае да го почитува Договорот за добрососедство, при што додала дека „Бугарите никогаш не биле воспитувани да ги навредуваат соседите, ниту да имаат територијални, јазични или културни и претензии“.

Бугарската потпретседателка ова го кажа на настан со наслов „Бугарите на Балканот надвор од границите по 1878 година. Кодекс на опстанок“, кој се одржал под покровителство токму на Јотова и на кои учествувале и претставници на бугарските заедници од Македонија, Албанија, Грција, Косово, Романија, Турција и Србија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Трошоците за пијалоци и апетисани намалени за 30 отсто
Следна Статија Уапсен водачот на кланот од Врачар: Џони падна во Барселона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков: Итно ќе се менува контроверзниот Кривичен законик, Груби сам да се врати дома

Министерството за правда наскоро пред Владата ќе излезе со „кратко законско решение“ за измени во постоечкиот Кривичен законик, со кое…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Златен медал за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Италија

Уште едно извонредно претставување на македонските средношколци – информатичари, како продолжение на уште една успешна година за Македонија на олимпијадите…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фудбалски тим и доктори од Тиквеш притрчаа во помош на повредени лица во сообраќајна несреќа кај Мирковци

Фудбалерите, стручниот штаб и медицинскиот тим на ФК Тиквеш покажаа хуманост откако на враќање од натпревар во Скопје застанале да…

May 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Онлајн продажби, за фирмите профит, за граѓаните „мачка во вреќа

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?