Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети

Објавено January 30, 2025 17:52
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт и тој има разбирање за истото, но од СДСМ освен навреди и клевети не кажаа дека има разбирање, затоа што како што рече тоа најелитистичката партија која 7 години немаше разбирање за стандардот на граѓаните и воведуваше дополнителни даноци.

„Легитимно право е да има граѓанска иницијатива за бојкот на маркети, имам разбирање и не гледам погрешно, легитимно е да имаме граѓани кои револтот ќе го манифестираат на начин на кој тие мислат дека треба. Наша или ваша политичка оценка е дали ќе се покаже разбирање или нема. Од СДСМ освен клевета и напад не слушнав дали покажува разбирање кон тие кои повикуваат на ваква иницијатива. Јас на прес конференција во Влада бев јасен и точен дека покажуваме разбирање со граѓаните.“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеничката Јована Тренчевска.

Во однос на политиката за кошнички, премиерот ја потсети Тренчевска дека и тие имаа такви, но сега е разликата што се седна на маса со сите засегнати страни, а не под присила како во времето на СДСМ.

„Дали дава резултати или не, тука имаме поделено мислење, некои велат дава резултати, некои дека не дава. Она кое ние го направивме, а е различно од претходните, седнавме и со производителите и со маркетите, разговаравме и утврдивме производи кои на доверба од страна на владата кон нив оставивме да биде дефинирана како листа ставена на располагање на граѓаните. Тоа е различно од она кое беше пракса во минатото кога се водеше политика на сила и политика на притисок.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека СДСМ постојано повторува намалување на ДДВ на храна како нивна автохтона политика, а тоа е истата елитистичка партија која 7 години не излезе да види како живее народот која воведе данок на луксуз која воведе законски рекет кон македонската економија, за што има иницијатива пред Уставен суд.

„Не би сакал да сум во чевли на СДСМ ако судот донесе одлука дека тоа било неуставно и дека тие пари треба да се вратат. Вие убедливо најелитистичката структура на политичари на Балканот, водевте политика на елитизам и отсуство од реалноста, летнати во облаци најдовте да зборувате за стандард на граѓаните. Вие кои не излеговте од дебелите персиски килими и кожните фотелји да видите како живеат граѓаните 7 години. Заборавивте што им ветувавте.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски се осврна на минималната потрошувачка кошничка при што истакна дека македонската јавност треба да знае дека врз грбот на народот се прави политика од најнизок вид, како се манипулира при пресметката, а ја пресметуваат поранешни функционери од СДСМ.

„За минималната синдикална кошничка дали сте ја виделе методологијата? Ќе ви дадам одговор ако не сте ја виделе. Јас во мојот живот лубеница и црешни во јануари не сум јадел, не знам за вас во СДСМ можеби ви е вообичаена пракса. Тоа е дел од методологијата за пресметка на минималната потрошувачка кошничка која е со цени од неколку маркети кои во јавноста се познати како ексклузивни без да биде пресметана просечната цена. А ја пресметуваат Никола Попоски поранешен потпретседател на СДС, Драган Тевдовски поранешен министер за финансии од СДСМ и Бранимир Јовановиќ кој беше дел од Ленка, Левица па отиде советник кај Тевдовски, овие тројца ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка. Отидов во неколку маркети и ги извадив неколку производи од потрошувачката кошничка и констатирав дека само за храна и пијалаци 3.000 денари е помала сумата од тие што се декларирани во минималната синдикална кошничка односно 15% помалку. Ова ќе го презентирам на економско социјалниот совет и тоа со слики, да се видат вистински цени.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
Следна Статија (Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Бидете сигурни, ниту еден објект кој не исполнува услови нема да биде оставен да функционира

Во моментов трае акција на Државен пазарен инспекторат на цела територија на државата, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Согласно законот за…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Калајџиев: Никој во државата веќе не го брани Коцевски

Се погласни се критиките и оправдувањата за смена на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, иницијатива која што владата веќе ја…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта.…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Задоволен сум од првите 100 дена, покажавме дека може да се работи посветено за граѓаните, без скандали и афери

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од првите 100 дена нова…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?