Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ја разби тезата дека работи против Албанците: Даваме 25 милиони евра за универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и редица други проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски ја разби тезата дека работи против Албанците: Даваме 25 милиони евра за универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и редица други проекти
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја разби тезата дека работи против Албанците: Даваме 25 милиони евра за универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и редица други проекти

Објавено December 17, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на гостувањето во магазинот Клик плус на Телевизија 21 од присутните гости беше запрашан како ги коментира критиките од политичките противници дека води антиалбанска политика и дека многу помалку го интересираат прашањата поврзани со етничките Албанци во Македонија по моделот од минатото „од Групчин натаму“, велат од прес-службата на Владата.

-Мој интерес се околу 26 илјади километри квадратни територија на целата држава. Тоа го поткрепувам со дела. Како прв човек на владата тие 250 милиони евра кои што треба да одат кон општините одат под ист критериум и во Штип и во Тетово и во Карбинци и во Боговиње, и во Радовиш и Струмица и во Гостивар и Кичево.

Не само што не ги двоиме етнички општините и проектите, туку им велиме на градоначалниците направете проекти. Како вие ќе ги направите, така ние ќе ви ги финансираме, одговори Мицкоски.

Премиерот истакна дека во работењето и поддршката на Владата никогаш не е правена разлика дали се работи за градоначалници од ДУИ, Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.

-25 милиони евра одвоивме од буџетот за финансирање на универзитетот Мајка Тереза. Знаете колку бев нападнат од моите колеги од скопскиот универзитет? Знаете колкави беа ударите од колегите од универзитетот Свети Кирил и Методиј врз мене? Или тоа никого не го интересира, бидејќи тоа не се споделува во тој микро космос? Еве ќе ви дадам уште примери. Во министерството за животна средина беа заглавени проекти за водоводи, канализации. Зошто? Затоа што мнозинството на градоначалници претходната влада ги третирала како отпадници, бидејќи биле од ВМРО-ДПМНЕ. Изет не рече не им давам на овие од ДУИ.

Излезе човекот и рече сите конкурирајте сите ќе добиете, рече Премиерот Христијан Мицкоски и дополни дека никогаш на седница на влада не била донесена одлука со надгласување, туку со заеднички разговор и консензуално.

Од друга страна, според премиерот Мицкоски, ДУИ играат на картата на етничка поларизација и тоа е мошне погрешно, бидејќи немаат да кажат што реализирале изминатите 20 години во економијата, образованието или здравството.

-Оваа Влада не е влада за да понижи некого, а друг да глорифицира. Ова е влада која треба на граѓаните без разлика на нивната етничка припадност, да им обезбеди подобар живот, рече Мицкоски и додаде дека во овие 6 месеци од нула позитивно мислење за него меѓу Албанците, сега тој процент е 25%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Интер среде Рим со 6:0 го декласира Лацио (ВИДЕО)
Следна Статија Јанев: Нема да дозволиме Македонија да биде упориште на криминални групи (ВИДЕО ОД АКЦИЈАТА НА МВР)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судиите до Мицкоски: Со вашите коментари ги преминавте границите на доброто однесување

Двете највисоки тела на судската власт во државата и Здружението на судии денеска преку писмено соопштение реагираа на критиките што…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“

Неколку стотици кочанчани попладнево, како и изминатите денови, одржаа мирен протестен марш, барајќи правда за обезбедувачите од дискотеката „Пулс“ кои…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Божикна средба кај архиепископот Стефан

Архиепископот охридски и македонски г.г . Стефан, по повод Рождеството Христово - Божик, оствари неформална средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова,…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?