Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе

Објавено January 1, 2025 11:50
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните. Нагласува дека кадровскиот потенцијал којшто треба да го освежи ова тело навистина треба да биде со импозантна цел и агенда пред себе, но и институционална меморија позади себе, односно да има биографија и тежина, бидејќи, како што посочи, „ако ние едните ги замениме со други, а останат навиките исти и начинот на однесување не сме направиле ништо“.

Тој ова го одговори на прашањето за тоа дали останува на ставот за целосно распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, за новиот закон за Судскиот совет, но и најавената смена на петмината негови членови кои се избираат преку Собранието.

Едно е јасно дека овој Судски совет ваков каков што е нема легитимитет кај граѓаните. Тој можеби има легалитет, но нема легитимитет бидејќи кредибилитетот им е уништен, довербата е едноцифрен број проценти, довербата е на историско најниско ниво и она кое што е важно е дека ако нема свесност помеѓу нив самите да заминат, тогаш мора ние да преземаме некакви чекори за да може тие да заминат. Но, тоа не значи дека сега едни луѓе коишто ја довеле ситуацијата и состојбата ваква каква што е да ги замениме со други коишто тоа ќе го продолжат. Кадровскиот потенцијал којшто треба да го освежи ова тело или оваа институција навистина треба да биде со импозантна цел и агенда пред себе, но и институционална меморија позади себе, односно да има биографија, тежина тој којшто ќе биде таму, затоа што ако ние едните ги замениме со други, а останат навиките исти и начинот на однесување не сме направиле ништо. Истото и за нас ќе се случи еден ден, ќе заминеме и ние, ќе дојдат некои други итн. Затоа што, кога ќе дојдат тие смени, а кога ќе дојдат како резултат на смената во Парламентот во кое што мнозинство е оваа Влада и ако нема некакви позитивни промени тогаш ние ќе бидеме виновни и сите ќе речат – еве, исти се, а тоа не е наша цел. Ние не сакаме тоа да го правиме – нагласи Мицкоски.

За тоа дека секоја опозиција ја обвинува власта дека го партизира судството и тие додека беа во опозиција, и сегашната опозиција со обвинувања за такви обиди, но и дали целосен ветинг на правосудството по примерот на Албанија е решението, Мицкоски вели дека имаме одлични закони и оти е потребно обвинителите и судиите да се ослободат од стегите на моќниците.

Не би рекол дека ветингот е опција. Не би рекол. Ние имаме одлични закони. Ние треба само да ги ослободиме обвинителите и судовите од партиските стеги. Ова вие што велите да не бидат во грч и да мора на партиски моќници или некој друг тип на моќници да им служат. Ние треба само да ги ослободиме и на тој начин тие ќе почнат да се однесуваат онака како што би требало да се однесуваат, односно да обвинуваат и судат по закон и Устав – нагласи Мицкоски.

Во интервјуто премиерот говори за првите месеци од работата на Владата, за сработеното, плановите за национално обединување за стратешките прашања, за работата на владината коалиција, односите со ДУИ, комуникациата со Ахмети. Се осврнува и на бегството на Груби, последните полициско-обвинителски акции, на реформите во правосудството, евроинтеграциите, но и на плановите за зголемување на животниот стандард, најавените инвестиции за 2025.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видео: Точно на полноќ, стотици огномети го осветлија Скопје
Следна Статија Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Гаши: Потпишана е одлуката за оглас за нов Народен правобранител

Од вчера граѓаните нема кому да се обратат доколку им биде потребна помош од Народниот правобранител. Пратениците во четвртокот изгласаа…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар на повеќе локации кај Смилковско езеро, Стефковски очекува прекин на електричната енергија

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро. -Вечерва на повеќе локации е…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата до крајот на годината

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски го коментира Самитот во Брисел: Подготвен сум да разговарам за план којшто ќе не однесе до крај

Оставете ја емоцијата, оставете ги билатералните прашања коишто предизвикуваат емоција, ајде да зборуваме за билатерални соработки, од коишто ќе имаме…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?