Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонското прашање не е затворено додека не се оставарат главните цели, полноправно членство во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Македонското прашање не е затворено додека не се оставарат главните цели, полноправно членство во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонското прашање не е затворено додека не се оставарат главните цели, полноправно членство во ЕУ

Објавено January 24, 2025 13:15
Сподели
Сподели

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата на грчкото МНР дека македонското прашање е затворено истакна дека тоа нема да биде затворено се додека не се реализират главните стратешки цели, односно полноправно членство во ЕУ.

-Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест па работи потсвеста. Фројд е чудна работа, но јас нема да навлегувам во таква дебата. Македонското прашање никогаш нема да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализират а тоа е полноправна членка на ЕУ, прво, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски понатаму појасни дека и во 21-иот век македонскиот идентитет е предизвикан, а Судот во СТразбур има донесено плејада пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед кои што не се почитуваат.

-Второ, вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада на пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед кои што не се почитуваат. Зборуваме за 21-иот век, зборуваме за членка на Европската унија која што не ги почитува човековите права на македонската заедница и тоа е нешто кое што претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21-от век се уште е предизвикан македонскиот идентитет, појасни Мицкоски.

Мицкоски е дециден, македонското прашање не затворено и ќе се борам за истото додека ја извршувам улогата претседател на македонската Влада.

Би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако јас кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање се’ додека ја вршам оваа улога која што ја вршам, а тоа е претседател на македонската Влада, бидејќи тоа граѓаните го очекуват од човекот кој што ја предводи македонската Влада. Јас знам дека во минатото имало луѓе кои што ја предводеле македонската Влада, кои што македонското прашање воопшто не им било ниту меѓу првите 10 приоритети, но ќе ве молам да се навикнете на Влада на која што прв приоритет на претседателот на владата му е македонското прашање, дециден беше Мицкски во одговорот на новинарското прашаање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија
Следна Статија ЕasyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз од 2 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола

Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Вајц го повлече денешното гласање за нацрт извештајот за Македонија

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре со почеток во 11:20 часот ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?