Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на бројни економски и политички средби во Вашингтон, се лобира за интересите и напредок на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на бројни економски и политички средби во Вашингтон, се лобира за интересите и напредок на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на бројни економски и политички средби во Вашингтон, се лобира за интересите и напредок на Македонија

Објавено January 21, 2025 19:16
Сподели
Сподели


Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски присуствуваше на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД, Доналд Трамп кои се оддржаа во Вашингтон.

    Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страната на Владата, Мицкоски оствари средба и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли со кого го проследија поздравниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп.

    Меѓудругото престојот во Вашингтон беше искористен и за бројни средби каде се лобираше за македонските интереси.

    Премиерот Мицкоски на свеченоста „Гласови на слободата“ организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“, која се одржа по инаугурацијата, оствари средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на Претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.

    -Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици, но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и администрацијата на Претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкуретно образование, брзо растечка економија итн., но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн, нашиот глас е се посилен”, истакна за средбата премиерот на македонската влада, Мицкоски.

    Истовремено македонскиот премиер оствари разговор со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на „Нијагара Ботлинг“, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.

    -Инвестициите на Нијагара Ботлинг во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во Светот. Обновуваме, но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне државата, истакна Мицкоски за средбата.

    Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски се сретна и со Џеси Спиро, главен директор во „Тетер“ и одговорен за стратешките односи со владите во Светот. „Тетер“ е најголемата компанија во светот која менаџира дигитален капитал, крипто валути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари.

    –Разговаравме за крипто пазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн технологијата. Секоја инвестијата на „Тетер“ и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме, рече Мицкоски, се посочува во соопштението.

    Сподели ја оваа статија
    Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
    Сподели
    Претходна Статија Малолетнички се степале во кафуле во Аеродром
    Следна Статија Лазаров: Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија

    БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

    МАКЕДОНИЈА

    Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

    Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски…

    April 10, 2025
    МАКЕДОНИЈА

    Мицкоски на терен: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“

    Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска го посетија ловиштето „Јасен“ каде веќе…

    August 13, 2025
    МАКЕДОНИЈА

    По 14 години, се гаси Ал Џезира Балканс, се затвора и канцеларијата во Скопје

    По четиринаесет години работење на Балканот, регионалниот телевизиски проект Ал Џезира Балканс се гаси, беше потврдено за сараевскиот портал „Кликс“…

    July 10, 2025
    МАКЕДОНИЈА

    Никовски: Финансиската помош која ја најави Фон дер Лајен е утешна награда бидејќи проширување нема да има

    Посетата на Урсула фон Дер Лајен е реафирмација на интересот на Брисел за Балканот, кој што не е спорен.Во прашање е нова…

    October 25, 2024
    Trending
    contact@trending.mk

    © Trending.mk  |  All Rights Reserved.

    Импресум
    Welcome Back!

    Sign in to your account

    Username or Email Address
    Password

    Lost your password?