Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на Костенијада во Ново Село: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на Костенијада во Ново Село: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Костенијада во Ново Село: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

Објавено October 19, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Денеска сме на овој преубав настан на покана на градоначалникот на Општина Ново Село, се надевам дека ќе го збогатиме амбиентот на оваа прекрасна Костенијада којашто е традиционална и како традиција треба да се почитува и негува и во иднина.

Вие ја погодивте со прашањето вистинската суштина и поента, а тоа е како можат овие настани да влијаат во развој на руралниот туризам, јас мислам дека можат и те како да влијаат. Овде имаме гости би рекол од сите краеви на Македонија и тоа е добро, и тоа е добро кога ќе има вакви настани кога ќе можат луѓето да се дружат да поминуваат некое време заедно и добро ете јас со своето присуство само покажувам колкава е поддршката од страна на Владата, посебно на овие настани и ги охрабрувам вака да продолжат, но и воедно за мене претставува можност заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, заедно со градоначалникот на Општина Босилово и останатите што се тука присутни градоначалници од општините да разговарам и за оној проект којшто го туркаме како Влада, којшто заврши.

Следна недела веќе ќе имаме и официјализирање, потпишување на договори, колку проекти ќе почнат со реализација, колку проекти за следната година ќе имаме, едногласно и двајцата градоначалници и на Босилово и Ново Село кажаа дека овој проект е многу значаен за развој на овие општини.

Од страна на Владата јас можам да кажам дека парите од унгарскиот заем се веќе на сметка на Народната банка, имаме половина милијарда стигната и почнуваме да работиме и испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци
Следна Статија За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија на 51 место според индексот за мир

Македонија се најде на 51 место на Глобалниот индекс на мир  што објавен од Институтот за економија и мир (IEP). Индексот рангира…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи

Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, кусо одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на новинарско прашање…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поставен камен-темелникот на новата спортска сала во Воената академија во Скопје (ФОТО)

Денеска, заеднички испишуваме ново поглавје во развојот на спортската инфраструктура и вложувањата во младите кадри – истакна министерот за спорт,…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, се работи за хибриден напад на Владата

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов останува  на ставот дека негова перцепција е оти избувнувањето на…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?