Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните

Објавено December 3, 2024 17:55
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска престојува во Брисел каде вечерва ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево имаше средба со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос.

Како што објави премиерот Мицкоски на Фејсбук на средбата се разговарало за „стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста на државата да успее на патот кон Европската Унија“.

– Ние сме подготвени да разговараме за се што ќе биде принципиелно и во полза на нашата држава и во интерес на сите граѓани, наведе Мицкоски во објавата.

Покрај Мицкоски, како што соопшти Советот на ЕУ, на вечерата со Кошта се поканети и косовската претседателка Вјоса Османи, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ и премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Албин Курти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија: Младо момче почина откако падна од зграда
Следна Статија Ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан, покажа американска истрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Евробарометар: Малтежаните силно ја поддржуваат македонската и албанската кандидатура за членство во ЕУ

Македонија и Албанија се најпосакуваните кандидати за членство во Европската Унија меѓу граѓаните на Малта, покажува анкетата на Евробарометар, пренесува…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова измама во Македонија: „Имаш злато во дворот, видовме на сателитски снимки“

Најмалку пет лица досега се измамени од осумчлена организирана група што на наводни сателитски снимки „видела“ закопано злато и успева…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Сите за Палестина“ со писмо до Сиљановска: Македонија јавно и веднаш да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ

Иницијативата „Сите за Палестина“ и испрати писмо на претседателката Гордана Сиљановска Давкова непосредно пред почетокот на Генералната дебата при 80-то…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Луѓето чии животи згаснаа во пожарот во Кочани не се бројка, туку се судбини и личности – вели Мицкоски

Постојат настани во историјата на една држава што не се мерат со време, туку со болката што ја остваат зад…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?