Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Објавено January 23, 2025 22:21
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи во интервјуто за дневникот на МРТ, задоволен е како досега функционира Владата имајќи предвид, рече, што наследивме и со какви предизвици се соочивме.

-Секогаш може да биде подобро. Се трудам и јас со својата работа да ги инспирирам колегите во Владата и ќе продолжам во таа насока. Не очекувам дека до локалните избори би имало какви било интервенции во самата Влада, потоа не очекуваат локалните избори, потоа не очекува редовниот партиски Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Можеби какви било интервенции, освежувања во рамките на самата Влада би се случиле на почетокот на следната година, а ќе зависи од многу импути за да донесеме таква одлука. Мислам дека тогаш многу работи ќе бидат појасни и на политички план, но и какви се перформансите на членовите на Владата, изјави Мицкоски.

Она што е сигурно, потенцира тој, е дека од 1 јануари 2026 година ќе има една голема и посеопфатна структурална промена во рамки на структурата на ВМРО–ДПМНЕ како политичка партија, бидејќи полека но сигурно потребно е дел од генерациите да се менуваат.

– Доколку ја добијам поддршката на делегатите, според Статутот на партијата после следниот конгрес, тоа е мојот последен мандат како претседател на ВМРО–ДПМНЕ и веќе следниот што ќе се случи после овој кон крајот на годината, ВМРО–ДПМНЕ ќе има нов претседател, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туризмот во Европа ги руши сите рекорди: Еве која е најпосетена земја во светот?
Следна Статија Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски и Јанев, актуелната власт е виновна за Кочани

Нема правда без одговорност на Тошковски и Јанев, актуелната власт е виновна за Кочани, обвинуваат денеска од СДСМ. Намерата на…

June 15, 2025
ПОЛИТИКА

Згаснаа ли 14 животи поради провизии? ВМРО-ДПМНЕ најави серија прес-конференции за модуларната болница во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

Петар Богојески од еразмус оди на друга владина функција, го надградил коалицискиот договор со Мицкоски

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше…

June 24, 2025
ПОЛИТИКА

Екс-министерот Бектеши вели дека Бајрам Реџепи се фатил за пушка во 2001 година, затоа бил добар за градоначалник на Тетово?! (ВИДЕО)

Поранешниот министер од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, на настан на партијата пред изјави своите членови продолжува со радикални изјави.…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?