Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција

Објавено November 20, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека до крајот на годината ќе бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција и дека напролет ќе почне работата на терен.

Овој проект, според него, е многу важен за државата затоа што ќе имаме алтернативен извор на природен гас, посочувајќи дека веќе е потпишан и договор азербејџански „Сокар“ по цена и услови што се многу прифатливи.

Првиот тендер за изградба беше неуспешен по што беше распишан нов на кој се очекува да се пријават компании кои би имале интерес за изградба.

Интерконекторот е во должина од 123 километри, а од македонска страна треба да бидат изградени 67 километри од Гевгелија до Неготино.

Во моментот, единственото гасно поврзување на државата е преку Бугарија.

Следен приоритет, како што вели Мицкоски во интервјуто за косовската државна телевизија, ќе биде изградба на интерконектор и со Косово.

– Може да оствариме исклучително квалитетна комуникација на овој план односно гасот којшто дел ќе завршува кај нас, дел ќе завршува и во Косово имајќи предвид дека употребата на гас тука е многу помала претпоставувам поради големите количини на јаглен. Од 1.1 2026 година поради Планот за раст ќе мора сите компании кои извезуваат во Европската унија да користат електрична енергија којашто е произведена од т.н. зелена енергија. Од тие причини треба да го имате природниот гас како дел од своето производно портфолио, нешто за што ние сме подготвени да соработуваме истовремено и со размена на електрична енергија и тоа во период кога кај нас недостасува, а тука има повеќе и обратно, кога кај нас има повеќе, а во Косово недостасува, вели Мицкоски во интервјуто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Starship на Маск изведе нов лет, немаше напнат маневар, Трамп гледаше сè
Следна Статија Италијанско село им нуди куќи за 1 евро на Американците кои се незадоволни од изборот на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Народната банка води претпазлива и конзистентна политика

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ во рамките на Пролетните…

April 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Преку дијалог да се надминат високите цени на производите, за да нема поголеми последици, порача Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради…

February 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја…

July 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?