Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите

Објавено November 14, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува добар резултат од за в недела закажаните преговори со банките во Министерството за финансии за субвенционирање на каматата при пласирањето на парите од унгарската кредитна линија наменета за компаниите.

Дел од тие средства ќе отидат преку Македонската банка за поддршка на развојот и нормално дека таа банка нема да наплати. Но, таа банка нема толкава голема адекватност на капитал, има лимитирани можности, може до кај 25, 30, 35 милиони евра да пласира кредити, другите мораме да одиме преку комерцијалните банки. Да почекаме во недела да видиме каков ќе биде состанокот и очекувам добар резултат, барем тоа што го добивам како информации неофицијални што стигаат до мене. Оставете да преговараме да видиме што ќе се случи до недела – рече Мицкоски во одговор на прашање по завршувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“ што денеска се одржа во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција – МАТТО.

Како што нагласи, досега според информациите што ги има Министерството за финансии, во овие повеќе од три децении, државата субвенционирала веќе околу 650 милиони евра камати коишто биле на товар на буџетот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имале пари за поправка на МНТ, ама седум години ништо не се направило кажа Љутков по посетата на театарот
Следна Статија Малолетнички возеле нерегистран мопед и направиле сообраќајка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Амазон и Т-Мобајл намалуваат работни места во Белви

Големи технолошки компании спроведуваат структурни промени во својот кадровски состав, што влијае врз регионалниот пазар на трудот

February 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото достигна историски максимум

Цената на златото достигна историски максимум, поттикната од зголемената глобална неизвесност, геополитичките тензии и очекувањата за пониски каматни стапки. Цената…

January 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност

„Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска точно во 12:05 часот ќе одржи голем работнички протест во Скопје. Главните барања…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?