Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очигледно и понатаму ќе слушаме хумор и сатира од ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Очигледно и понатаму ќе слушаме хумор и сатира од ДУИ
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Очигледно и понатаму ќе слушаме хумор и сатира од ДУИ

Објавено October 3, 2024 12:47
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека убавината на демократијата е во различните мислења, како и во можноста за нивно изразување на мирен и демократски начин. Осврнувајќи се на најавите од „Европскиот фронт“ за протести во претстојниот период, како и на нивните тврдења дека не се обидуваат да направат дестабилизација, премиерот истакна дека доколку тие протести се мирни сето тоа е во рамки на демократските процеси, но доколку преминат во насилство тогаш надлежните треба да ги одбранат институциите. Додаде дека периодот што следи внимателно ќе следат како се одвиваат работите, па потоа ќе даваат коментари.

Првичните обиди за дестабилизација очигледно се осуетени и сега поминуваме кон помека реторика – ќе протестираме. Јас сум кажал многу пати во минатото дека демократските и мирни протести се демократска алатка и тука никој нема против. Тоа е нивен избор, избор на група граѓани коишто се незадоволни од нешто и тие ако ја изберат таа алатка тие може да ја користат. Се додека тие се мирни и демократски ние немаме против, тоа е убавината на демократијата, ние да имаме и различни мислења, не можеме да имаме исти мислења за се. Но доколку тие протести од мирни, демократски, преминат во насилство тогаш ние мораме да ги одбраниме институциите што е нормално и е очекувано од една влада. Тука не треба исто така да бидеме изненадени. Така што, ете, ајде периодот којшто следи да видиме како ќе се одвиваат работите па ќе ги коментираме, изјави Мицкоски по промоцијата на новиот апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“, на која беше присутен и министерот за здравство Арбен Таравари.

Од „Европскиот фронт“ вчера на настанот посветен на сто дена од работата на Владата беше најавено дека тие немаат намера да ја дестабилизираат државата, туку дека секојдневно ќе одржуваат прес-конференции на кои, како што рече лидерот на ДУИ, ќе ги посочуваат, „скандалите и неуспесите на Владата“, а претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, додаде дека од „Европскиот фронт“ нема да има дестабилизација, туку протести.

Во врска со пораката, која вчера исто така ја изнесе Ахмети, дека „Европскиот фронт“ нема намера да стане дел од владината коалиција, но повикот до „Вреди“ да влезе во опозиција, Мицкоски истакна дека полека но сигурно ДУИ се навикнува да биде во опозиција и и посака опозициските денови да ги искористи за реформирање.

ДУИ полека но сигурно се навикнува како опозициска партија. Жалам што раководството на ДУИ и Али Ахмети ја споредија својата партија и членовите со гума за спасување, очекував поголема креативност. Но, тоа е што е. Им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат, ќе можат да го најдат својот програмски идентитет, исто така кадровски да се реформираат со нови свежи кадри па можеби на некои од следните избори ќе се појават со поинаков пристап од оној којшто го гледавме изминативе повеќе 20 години, пристап во којшто главна цел беше што повеќе да се украде, главна цел беше што повеќе да се направат пакости на граѓаните, истакна Мицкоски.

Во однос на барањето на Ахмети да се спроведе ветинг за сите функционери во последните 30 години, Мицкоски одговори дека тој сметал оти со заминувањето на ДУИ во опозиција ваков тип на хумор и сатира завршиле.

Јас мислев дека со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор заврши, но тие еве продолжуваат и понатаму. Во ред е, еве ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија, рече Мицкоски.

Министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Ахмети дека „Вреди“ треба да излезе од Владата, кусо одговори дека лидерот на ДУИ полека се навикнува да биде во опозиција.

Господинот Ахмети мислам дека полека се навикнува во опозиција. Се надевам дека ќе се навикне уште подобро, така што мислам дека само треба адаптација, ништо друго, рече Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загинаа врвни доктори од Прилеп, камионот наводно возел во спротивен правец
Следна Статија Целосно изгаснат пожарот во Чаир, состојбата во становите допрва ќе се утврдува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа…

May 2, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на…

July 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Скандинавски управуваме со општините

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС во недостаток на идеи, си најде партнер за насилство во Левица и пудлицата Апасиев

Во недостаток на идеи, во насилството партнер на Филипче и СДС им е пудлицата Димитар Апасиев. Филипче и СДС деновиве…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?