Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Од Бугарија се испраќаат различни сигнали, подготвени сме да разговараме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Од Бугарија се испраќаат различни сигнали, подготвени сме да разговараме
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Од Бугарија се испраќаат различни сигнали, подготвени сме да разговараме

Објавено October 5, 2024 15:23
Сподели
Сподели

Бугарските политичари сакаат да ја вовлечат темата Македонија во нивната предизборна кампања. Многу пати сум кажал дека нема да бидеме наивни и да влегуваме во такви замки. Имаме наш интерес и наша цел и сакаме да чекориме цврсто, вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го вчерашното соопштение на бугарското МНР како реакција на неговите претходни изјави.

Што се однесува до разговорите со нашиот источен сосед, вели Мицкоски, сме подготвени кога сакаат и врз основа на која платформа и план сакаат да седнеме да разговараме и да најдеме решение и да ги почитуваме меѓународните стандарди.

-Она што беше понудено од претседавачот на ЕУ, Виктор Орбан е во име на претседателствувањето со ЕУ. Сега треба да видиме кој какви сигнали испраќаат од Бугарија – едни испраќаат едни, други испраќаат други. Кај нас сигналот е јасен – сакаме достинствено решение, а уцени и ултиматуми не прифаќаме, кажа премиерот по повод реконструкција на ГП „Деве Баир“.

Од официјалната бугарска дипломатија вчера порачаа дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат.

-Единствена гаранција за успех е исполнувањето на поставените критериуми и услови, се наведува во ставот, пренесуваат бугарските медиуми.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој дента кога од Брисел стигна веста за одвојувањето на Тирана и Скопје во преговорите со ЕУ, оцени дека ваквиот потег е „историска грешка на квадрат“, а како премиер на земјата која претседава со Унијата, тој се понуди и за посредник меѓу Македонија и Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле откако почина бебе
Следна Статија Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Предлогот на СДСМ за лидерска средба е ловење на политички поени

Лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски не се согласува со предлогот на СДСМ за лидерска средба, по…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Димовски: Членство на Албанија до 2030 нема да има – членството на сите земји од Западен Балкан ќе се случи заедно

Одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, не е важно, бидејќи  дека сите земји од Западен Балкан заедно…

October 18, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Лицата кои протестираа против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот…

February 5, 2026
ПОЛИТИКА

СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и оној од Лотарија, а не реагирале за да не падне владата

СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата. СДС…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?