Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Карбинци: Започна доградбата на детската градинка „Кокичиња“ со капацитет за згрижување на 50 дечиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Карбинци: Започна доградбата на детската градинка „Кокичиња“ со капацитет за згрижување на 50 дечиња
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Карбинци: Започна доградбата на детската градинка „Кокичиња“ со капацитет за згрижување на 50 дечиња

Објавено December 14, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму вели дека не се баш така јасни, но нашата порака е јасна дека ние доволно направивме како ниту една држава во ЕУ.

– Ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности, ќе си ја вршиме домашната задача, ако се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот во ред, во секое време сме подготвени позитивно да одговориме на таквото барање, во спротивно можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во во фокусот на оваа админситрација на Брисел, изјави премиерот Мицкоски денеска од село Таринци во Општина Карбинци, каде што присуствуваше на поставување камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“.

Тој потенцира дека ние имаме целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и потсети дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, тоа го потпишале со високиот претставник на ЕУ, кој сега не е во новата админситрација.

– Реформите ги правиме согласно мониторингот на Европа и така ќе продолжиме. Ние не сме опасност, ние сме под чадорот на ЕУ и бидејќи таму во Брисел има политичари кои одлучија да бидат заложници на политичари кои се уште се со мислите во средниот век, наместо да гледаат кон 21 и 22 век, ние повеќе отстапки немаме намера да правиме додека сме влада. Ако си најдат некоја друга влада тогаш нека си ја донесат, нека прави. Ова влада такви отстапки нема да прави затоа што не е аргументот – тоа е тоа, знаете 27 се така. Тој аргумент не води таму каде што сме денеска, дециден беше премиерот.

Се осврна на тоа, како што рече, што една на друга земја по принципот на Бугарија, а порано во минатото Грција, си ставаат вето. Според него, сега прашањето е дали ако еднаш направите преседан, потоа тој преседан станува пракса. Гледаме, истакна Мицкоски, дека таму тоа станува пракса и ја води ЕУ таму каде што не треба, секој ден некој некому поставува вето и поставува некаков ултиматум и тоа не е добро.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2025 година: Фокус на иновации, одржливост и безбедност
Следна Статија УЈП со апел до угостителите: За претстојните празници работете во согласност со законите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Падна договор: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Мартин Стојановски, вечерва по завршување на средбата со приватните…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Арсовска тврди дека добива закани по живот: Мене ќе ме утепаат…

Во гостување на ТВ24 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, јавно кажа дека имала сериозни закани по нејзиниот живот. -…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oбраќање на премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција.

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?