Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања

Објавено October 21, 2024 15:52
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес.

„Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот“, посочи премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.

Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен е поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета
Следна Статија Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити.…

January 29, 2025
ПОЛИТИКА

Села: 27 април е денот кога за првпат беше избран Албанец за претседател на Собрание

Горди сме што денеска по осум години може да кажеме дека 27 април беше катализатор за нови промени кои што…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

ВИДЕО Избегната тепачка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Вербална расправија која кулминираше до раб на физичка пресметка се случи дененеска во Собранието помеѓу лидерот и пратеник на Левица,…

November 21, 2024
ПОЛИТИКА

Мемов: ЗНАМ се многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во Куманово и Центар

Движењето ЗНАМ е многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во општините Куманово и Центар, ијави…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?