Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти

Објавено October 12, 2024 15:10
Сподели
Сподели

За мене е исклучително важно ова што го соопшти претходниот говорник дека после би рекол неколку неделни преговори и анализи, но и врз основа на она што го имаме како информација како се полни буџетот и што и како проектираме за годините кои што следат, сакавме да постигнеме договор којшто ќе биде долгорочен да не треба сега секоја година или секој месец повторно и повторно во јавноста се препелкаме па да има кризи, па да има закани ќе правиме штрајкови нема да правиме штрајкови и слично. Затоа беше многу важно ова што го постигнавме како договор, јас сум исклучително задоволен; заедно и со Министерството за образование и со Министерството за финансии, јас лично вклучен бев во овие преговори, разговори со Синдикатот на образованието, науката и културата. Така да што мислам дека се постигна договор којшто е историски во насока на подобрување на финансиската состојба на самите наставници и професори во основното и средното образование, истакна на денешната прес конференција премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Благодарам на претседателот на СОНК. За мене е исклучително важно ова што го соопшти претходниот говорник дека после би рекол неколку неделни преговори и анализи, но и врз основа на она што го имаме како информација како се полни буџетот и што и како проектираме за годините кои што следат, сакавме да постигнеме договор којшто ќе биде долгорочен да не треба сега секоја година или секој месец повторно и повторно во јавноста се препелкаме па да има кризи, па да има закани ќе правиме штрајкови нема да правиме штрајкови и слично. Затоа беше многу важно ова што го постигнавме како договор, јас сум исклучително задоволен; заедно и со Министерството за образование и со Министерството за финансии, јас лично вклучен бев во овие преговори, разговори со Синдикатот на образованието, науката и културата. Така да што мислам дека се постигна договор којшто е историски во насока на подобрување на финансиската состојба на самите наставници и професори во основното и средното образование.

Што е она коешто е делумно договорено, спомна и претседателот на СОНК, а тоа е дека од октомвриската плата практично која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена март 2025 година ќе имаме покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе имаме покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7 ипол и 10%.

Исто во зависност од состојбата на буџетот во март 2027та ќе имаме помеѓу 7 ипол и 10% и исто така зависно од состојбата на полнењето на Буџетот во март 2028 година ќе имаме помеѓу 10 и 12 ипол % покачување на платата, што би значело во овој дијапазон за којшто сега зборуваме во март 2028та наставниците и професорите во основното и средното образование треба да зимаат отприлика минимум 46% повисока плата од таа којашто ја земаат денеска, а може и повеќе во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа ќе зависи од приходната страна на самиот Буџет.

И исто така се договоривме најдоцна до февруари месец Колективниот договор биде завршен, потпишан и да имаме веќе една јасна основа како понатаму ќе можеме да се развиваме и кои ќе бидат коефициентите на сложеност на работните места, бидејќи сега имаме би рекол условно кажано нејаснотии во тој дел. Така што уште еднаш да изразам големо задоволство, да се заблагодарам и на Министерството за образование и на Министерството за финансии и на СОНК, на претседателот за една конструктивна расправа, дискусија, дијалог би рекол којашто се случуваше изминативе недели.

Ние затоа побаравме и малку време за да знаеме со што да располагаме за да можеме да видиме какви се приходите, каде може да стегнеме , што можеме да направиме. Министерството за финансии планира ако биде се како што треба до крајот на оваа година да почне примената и на Е-фактура. Тука очекуваме дополнително намалување на сивата економија, односно зголемување на приходите.

Заклучно со септември месец значи ако ги земеме јули, август и септември месеци имаме околу 85 милијарди приходи. Претходните 6 месеци односно првата половина е некаде околу 125 милијарди приходи отприлика што значи дека многу повеќе кога се работи домаќински кога се знае како се случуваат приходите во државната каса.

Продолжуваме и понатаму да разговараме, се отпочна со Економско- социјалниот совет тамо ќе има исто така дијалог во делот на правата и на работодавачите но и во делот на работниците, тука како Влада сме трета страна нели тука имаме партнерски дијалог помеѓу работодавачите и работниците.

Уште еднаш еве нека е аирлија и нека се множат вака успешни приказни и договори, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ
Следна Статија Измами поврзани со „Конти“: МВР предупредува на лажни профили на социјалните мрежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина

Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски…

November 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Работен состанок со претставници на Централната банка на Италија за размена на искуства против фалсификувањето пари

Во Народната банка се одржа работна средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, нејзиниот тим и италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки

Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки, велат од УЈП. По околу 4000 контроли кои ги направиле,…

December 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?