Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски по посетата во Брисел: Оптимист сум и ќе продолжиме да се бориме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски по посетата во Брисел: Оптимист сум и ќе продолжиме да се бориме
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по посетата во Брисел: Оптимист сум и ќе продолжиме да се бориме

Објавено December 5, 2024 14:10
Сподели
Сподели

Оптимист сум и ќе продолжиме да се бориме. Нема да оставиме ниту милиметар да изгуби македонскиот идентитет и македонските граѓани, без разлика на етничката припадност, затоа што сите ние заслужуваме загарантирана иднина. Тоа го слушнав директно од најрелевантните за проширувањето во рамки на Европската комисија, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање на кое ниво е оптимизмот во однос на евроинтеграциите, по средба со новата администрација во Брисел.

Мицкоски денеска за време на прес-конференцијата во Влада, во одговор на новинарско прашање, рече дека имаат јасен план и стратегија составена од три дела, која ја спроведуваат шести месец. Во рамки на стратегијата, првиот дел е пренесување на нашите поцизии и аргументи.

Тој информираше дека завчера во рамки на неговата официјална посета на Брисел имал успешна средба со новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, и очекува и таа наскоро да го посети Скопје.

-Ние имаме јасен план и стратегија која што ја спроведуваме шести месец по ред, а која што е во три дела. Составен дел од таа стратегија е една робусна дипломатска акција каде што ние ќе ги пренесеме нашите позиции и нашите аргументи. Имав билатерална средба со Марта Кос, која што е нов комесар за проширување. Имавме многу успешна, содржајна средба, ја поканив да дојде кога ќе има можност во Скопје и мислам дека таа посета многу скоро ќе се реализира, рече Мицкоски.

Напомена дека разговарал и со Антонио Кошта, кој е новиот претседател на Европскиот совет, но и со генералниот директор на ГД НЕАР, Герт Јан Копман.

-Бараме решенија, аргументираме. За се она што претставува наша теза, очекуваме анти-теза. До сега не сме добиле анти-теза, што значи дека првата фаза од планот веќе ја реализиравме, а тоа е дека бараме решенија, додаде премиерот.

Како што рече, во втората фаза ќе ја изнесат на површина „вистинската“ вистина.

-Сега е многу важно во втората фаза од планот да идентификуваме дали со внесувањето на неколку стотици граѓани во Уставот завршуваат нашите проблеми, или тоа се само првите десет метра од оваа трка на 110 метри. Веќе на сите ни е јасно дека не е ова само проблемот, туку проблемите допрва следуваат. Ние нема да влеземе во никаква авантура, без да имаме јасен план дека го гледаме крајот. Имавме и многу конструктивна вечера, на која што беа присутни и другите лидери од Западен Балкан, во присуство и организација на Антонио Коста. Мислам дека имаме еден нов тим кој што се запознава со нашите аргументи, со нашите ставови, и ние ќе продолжиме да се бориме, затоа што сме во право, рече Мицкоски.

Во третата фаза, посочи, ќе се решаваат проблемите дома.

Третата фаза од нашиот план е да рушиме рекорди дома. Да ги решаваме дома проблемите, да покажеме дека сме достојни да бидеме на таа маса, по основа на мерит пристапот, односно по основ на тоа колку ние испорачуваме, а не по тоа дали треба да решаваме прашања од 11 и од 12 век, кои што треба да ни бидат услов за да се развиваме во 21 и 22 век. Оптимист сум и ќе продолжиме да се бориме. Нема да оставиме ниту милиметар да изгуби македонскиот идентитет и македонските граѓани, без разлика на етничката припадност. Нема да бидеме наивни, немаме концесија, не сме ветувале ништо, само бараме чесен пристап. За ова што ние го кажуваме како теза и аргумент, до сега немаме слушнато антитеза. Ќе се бориме се додека не успееме, подвлече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед
Следна Статија Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше универзитетскиот професор Владимир Божиновски кој дискутираше за обраќањето на еврокомесарката за проширување Марта…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда, суштината на официјална Софија е создавање на нова македонска нација

Премиерот Христијан Мицкоски, уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Еве колку е загаден воздухот во Скопје

Твитер профилот Fich of Brayan покажа колку е навистина загаден воздухот во Скопје. Од она што може да се забележи…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Штрајк на контролорите на летање на 10 јули ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници, наместо да се примат нови контролори, инженери и меторолози

Синдикатот на контролорите на летање на Македонија упатил предупредувачко писмо до Управниот одбор на М-НАВ дека на 10 јули контролорите…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?