Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

Објавено November 17, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, во однос на каматата, рече дека е изразена волја од двете страни за доближување на ставовите.

-Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите, рече Мицкоски.

Суштината е, додаде Мицкоски дека тие 3,25 проценти камата како Влада секако дека ќе ги платиме.

-Можеби за некоја година ние би издале еврообврзница со која предвреме би го вратиле овој кредит, бидејќи знаеме дека немаме таму каматна стапка. Може ќе одлучиме и за други механизми, во зависност од интересот на државата. Целта е каматата која ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Сега, реално има трошоци што ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од политиките на централната банка. Затоа велам, да не зборуваме се уште за проценти, да ги доближиме ставовите, и тогаш официјално ќе излеземе со позиција, рече Мицкоски.

Тој повтори дека со банкарите разговарал околу средствата што се дел од заемот од унгарската Влада.

-Би го поделил состанокот во три дела – првиот дел е оној дел што се однесуваше во делот на рочноста, времетраењето и слично, вториот дел е желбата да се учествува во проектот и третиот дел е поврзан со каматната стапка. Во делот во кој сакаат да учествуваат како Македонска банкарска асоцијација е несомнен, и сите изразија желба и подготвеност да бидат дел од овој процес. Во делот на рочноста земавме заеднички став дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја користиме формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата, бидејќи членките кажаа имаат одделни клиенти коишто сакаат можеби и пократок рок итн, затоа велиме до три години и до 15 години рок на отплата, рече Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање рече дека банките може да понудат рок и од пет, седум и десет години, на пример, како што посочи, ако клиентот сака две години грејс период и пет години отплата, затоа ќе се користиме формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата.

Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот.

Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Кредитот ќе се враќа до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата
Следна Статија Светски ден на предвремено родени бебиња: Загадениот воздух и возраста ризик факторите за предвремено породување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености, до крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни…

October 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност

Во моментов Министерството за економија и труд и сите останати министерства и државни институции работат на промена на постојните нормативи…

June 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доларот падна на најниско ниво од почетокот на јули

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничка валути падна на најниско ниво од почетокот на јули. Индексот…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

На годишниот состанок на регионалниот проект за техничка помош во областа на финансиската едукација, поддржан од ОЕЦД и Министерството за…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?