Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се спроведе најсложена полициска акција против криминалните кланови со која се расветлуваат 7 брутални убиства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Се спроведе најсложена полициска акција против криминалните кланови со која се расветлуваат 7 брутални убиства
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се спроведе најсложена полициска акција против криминалните кланови со која се расветлуваат 7 брутални убиства

Објавено December 16, 2024 23:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, каде што ги коментираше полициските акции кои се одвиваа изминативе неколку дена во државата, при што се уапсени десетици лица кои се товарат за повеќе тешки кривични дела.

Една од акциите на МВР која ја коментираше премиерот, е акцијата за криминални кланови која била со години присутна во државата, група која е поврзана со многу сторени криминални дела, меѓу кои и убиства.

Полициската акција против криминални структури кои што изминативе години, децении би рекол се присутни низ градовите во државава, односно станува збор за група која што има основани сомненија дека се поврзани со многу сторени криминални дела меѓу кои и убиства истакна премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека според информациите со кои располага, со оваа полициска акција расветлени се 7 убиства во Македонија.

Можам да кажам дека врз основа на доказите кои што се прибавени станува за најсложена полициска акција во историјата на Македонија и акција која што ќе обелодени и ќе разјасни убиства кои што се случени изминатите години. До овој момент јас располагам со информација дека се расветлени 7 убиства сторени од оваа група, одговори премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии
Следна Статија Косовски почесен конзул му помогнал на Груби да помине на Блаце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај ?

Најновата неофицијална вест е дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, осомничен во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч,…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Лукровски: Вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш

Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски денеска се врати на работното место откако два месеци беше на боледување. Тој во објавата…

July 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во следните денови посвежо време со пороен дожд и грмежи

Времето во следните денови ќе биде посвежи и променливо облачно со повремен локален дожд, соопштуваат од УХМР. Утре и во…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

За верниците од исламска вероисповед денес започнува Светиот месец “Рамазан“

За верниците од исламска вероисповед од денеска започнува Светиот месец – „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?