Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Следуваат структурни реформи и илјада нови вработувања во здравството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Следуваат структурни реформи и илјада нови вработувања во здравството
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Следуваат структурни реформи и илјада нови вработувања во здравството

Објавено January 3, 2025 15:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека почнала процедурата за повеќе од илјада нови вработувања во здравството, остануваат само формалните чекори кои треба да бидат завршени. Тој останува на ставот дека ќе има структурни реформи и дека граѓаните ќе ја добијат здравствената услуга која што им е потребна.

Ќе продолжиме и понатаму да го поддржуваме здравството. Сега ќе следат и структурни реформи и мислам дека со тек на време граѓаните ќе ја добијат онаа здравствена услуга која што им е потребна, изјави Мицкоски, за време на неговата посета во Радовиш, во одговор на новинарско прашање.

Како што рече премиерот, обезбедени се средства и за вработување на специјализанти.

Да не заборавиме дека ќе имаме повеќе од илјада нови вработувања во здравството, ова е нешто што го ветуваше и министерот за здравство. Процедурата е почната, сега треба само оние формални чекори да бидат завршени. Многу внимание ќе посветиме на здравството, додаде Мицкоски.

Тој потсети дека постигнале договор со синдикатите на долг рок во следните четири години во врска со платите во здравството.

Како што посочи Мицкоски, доколку буџетот дозволува, просечно паричната маса за исплата на плата за вработените во здравството ќе биде зголемена до 50 проценти.

Постигнавме историски договор со синдикатите на долг рок во следните четири години, за оние првични десет проценти зголемување на паричната маса за исплата на плати. Во рамките на таа парична маса, кај техничкиот персонал имаме поголемо процентуално зголемување, кај докторите помало, но генерално оние 10 проценти зголемена парична маса се случи во ноември за октомври. Истото ќе се случи и сега во април за март, ќе се зголеми за пет проценти и ќе се зголемува во следните четири години. Доколку буџетот дозволува, просечно таа парична маса за исплата на плата за вработените во здравството ќе биде зголемена до 50 проценти, рече Мицкоски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
Следна Статија Нов криминал со шверц на половни возила од странство: Инволвирани цариници, шпедитери, возачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на работен појадок со германската стопанска комора

Имав работен појадок со германската стопанска комора во Берлин, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на владата, Христијан Мицкоски.…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиника

Директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во нивната клиника е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, изјави…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија

Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?