Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик- ќе биде дом на многу спортски клубови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик- ќе биде дом на многу спортски клубови
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик- ќе биде дом на многу спортски клубови

Објавено November 29, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Голем поздрав до почитуваните претставници на медиумите, до граѓаните, до гостите коишто се заедно со нас денеска на овој би рекол за нас посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови. Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода.

-Она што јас можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува прв приоритет.

Нема да застанеме тука, во периодот којшто следи очекувајте уште многу инвестиции, во сите општини на целата територија на државата. На почетокот од следната година имаме нов повик за општините да аплицираат со нови проекти, проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните, потенцира Мицкоски.

-Ќе се бориме со многу работа со многу труд, со многу енергија, против сите оние коишто сакаат да не влечат назад во минатото. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас како Влада, а јас како прв човек на Владата ќе продолжам да работам во таа насока.

Сакам да изразам голема благодарност што тука денеска заедно со градоначалникот и со министерот за спорт се и граѓаните коишто можат да посведочат на еден почеток на работа, на реконструкција на овој спортски храм, којшто наскоро денеска треба да биде. Тие се сведоци на сите ветувања во минатото коишто за жал не биле исполнети.

Да аплаудирам на посветената работа и на министерот и на градоначалникот. Едниот во Министерството за спорт, другиот тука во општината. На советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, пратениците и сите добронамерници, бидејќи навистина можеме со дела да покажуваме колку си ја сакаме татковината и јас мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме како луѓе коишто во одреден период во својот живот во политиката имаат можност да остават трајни вредности.

Уште еднаш посакувам успешна работа. Честитам на отпочнатиот проект и уште многу вакви проекти да ни се случуваат, додава премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси
Следна Статија Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УХМР: Не очекува потопло и посушно лето

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најнови неофицијални резултати: Солидно водство на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Аеродром, Карпош, Кочани, Чучер Сандево, Дојран, Виница…

Најнови неофицијални резултати од општините: Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ 58.820 Левица 33.714 Аеродром ВМРО-ДПМНЕ 12135 СДСМ 6683 Карпош ВМРО-ДПМНЕ 9925 Стевче…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Од 23 објекти со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови

На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева со д-р Игор Мерџановски и…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Стефковски: Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата

Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци,…

July 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?