Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски утре во посета на општина Велес: Ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски утре во посета на општина Велес: Ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре во посета на општина Велес: Ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци

Објавено November 8, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци, од мостот Башино село до Вулканизер Дине, од Вулканизер Дине до Речани, и од мостот Гемиџии до Лукоил во општина Велес, информираат од прес службата на Владата.

Градежните зафати ги изведува Македонија пат – Подружница Велес, а вкупната инвестиција е 44 милиони денари.

Потоа, претседателот Мицкоски ќе изврши увид на спортската сала и спортските терени во ООУ Васил Главинов.

Спортската сала заедно со соблекувалните и тоалетите се реконструираше со финансиски средства од Министерството за образование и наука и вкупната инвестиција е во износ од 10 милиони денари.

Надворешните спортски терени опфатија целосна реконструкција на фудбалското игралиште, второто фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со најсовремена подлога одобрена од FIBA, како и изведба на нова фитнес зона во рамки на овој комплекс. Вкупната инвестиција е 7 милиони денари.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски во близина на бензинска пумпа Лукоил во општина Велес, стои во соопштението од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УНОПС со поддршка за Македонија во борбата против корупцијата
Следна Статија (ВИДЕО) Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Лидерите едногласни за укинување на Техничката влада

Сите лидери на политичките партии се едногласни за укинување на Техничката влада и за законот за „Сејф сити“, изјави денеска…

January 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Центарци ќе…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?