Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски утре во посета на општина Велес: Ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски утре во посета на општина Велес: Ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре во посета на општина Велес: Ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци

Објавено November 8, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци, од мостот Башино село до Вулканизер Дине, од Вулканизер Дине до Речани, и од мостот Гемиџии до Лукоил во општина Велес, информираат од прес службата на Владата.

Градежните зафати ги изведува Македонија пат – Подружница Велес, а вкупната инвестиција е 44 милиони денари.

Потоа, претседателот Мицкоски ќе изврши увид на спортската сала и спортските терени во ООУ Васил Главинов.

Спортската сала заедно со соблекувалните и тоалетите се реконструираше со финансиски средства од Министерството за образование и наука и вкупната инвестиција е во износ од 10 милиони денари.

Надворешните спортски терени опфатија целосна реконструкција на фудбалското игралиште, второто фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со најсовремена подлога одобрена од FIBA, како и изведба на нова фитнес зона во рамки на овој комплекс. Вкупната инвестиција е 7 милиони денари.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски во близина на бензинска пумпа Лукоил во општина Велес, стои во соопштението од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УНОПС со поддршка за Македонија во борбата против корупцијата
Следна Статија (ВИДЕО) Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mинчев: Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања ја направија преобемна и бавна администрацијата

Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања изминатите 30 години ја доведа администрацијата во ваква состојба, да биде нефункционална, гломазна, бавна и…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

Не може да биде разумна и праведна војната во која кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили, изјави…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда, суштината на официјална Софија е создавање на нова македонска нација

Премиерот Христијан Мицкоски, уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во соседните држави се транспортираат 27 повредени од пожарот во Кочани

Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?