Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Владата ќе продолжи со истрагите за коруптивни случаи, нема пропусти за бегството на Груби и Ковачевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Владата ќе продолжи со истрагите за коруптивни случаи, нема пропусти за бегството на Груби и Ковачевски
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ќе продолжи со истрагите за коруптивни случаи, нема пропусти за бегството на Груби и Ковачевски

Објавено December 31, 2024 14:10
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од досегашната борба со корупција, но истакна дека конечните резултати зависат од судската власт. Во однос на бегството на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, тој не гледа пропуст во институциите и верува дека правдата ќе стигне. Потенцираше дека Владата ќе продолжи со своите напори во борбата против корупцијата и во следната година.

-Ние како Влада, како извршна власт, можеме за оние случаи на високопрофилирани политички коруптивни случаи каде што има основано сомневање да влеземе во истрага, да видиме дали има докази, доколку има да ги обезбедиме, да формираме досие и тоа досие да го доставиме до надлежниот обвинител. Таков е законот. Ние не можеме како Влада да бидеме и извршна и судска власт. Од тој момент па натаму обвинителството е тоа кое што цени дали тие докази се доволни за да се отпочне процес, односно да има обвинение или не, рече премиерот на денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија.

Дополни дека Владата ќе продолжи со своите напори во борбата против корупција и во следната година.

-Сето она кое што го правевме изминатиов период ќе продолжиме да го правиме и во следната година како извршна власт. Големи имиња, високопрофилирани политички имиња се најдоа во истрага, се најдоа во процеси коишто ги водеше извршната власт и ги достави до обвинителството, дополни тој.

Во однос на бегството на поранешниот вицепремиер Груби и екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, премиерот не гледа пропуст во институциите и верува дека правдата, како што рече, „ќе ги стигне“. 

-Не гледам пропуст ниту во институциите, ниту каков било пропуст затоа што прашање на време е кога овие бегалци од правдата ќе се вратат и ќе одговараат, затоа што да си бегалец од правдата не е така едноставен живот, па дури и да го смените континентот. Така што, мислам дека таа работа нема така да заврши, рече тој.

Премиерот го темели својот оптимизам на искуството дека „правдата е спора но секогаш доаѓа“ и додаде дека ќе продолжи да ја коментира работата на обвинителството само кога ќе види дека се калкулира. 

-Јас многу често го коментирам работењето на обвинителството и одлучив да не го коментирам. Само во случаи кога ќе видам дека обвинителството калкулира, тогаш ќе си дозволам да го коментирам, истакна премиерот, дополнувајќи оти смета дека коментарите на власта имаат позитивна улога во работењето на обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бум на странски инвестиции и развој на македонската економија во 2025 година, најавува премиерот Мицкоски
Следна Статија Сиљановска: Искрените детски прегратки ми го окупираа срцето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се затвора култната сендвичара „Седмица“ кај Грчката амбасада

Седмица кај Грчката амбасада, првиот дуќан на една од најпрепознатливите скопски сендвичарници, се затвора по речиси четири децении работа, но…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

АМСМ: Поради технички проблеми утрово надвор од функција граничниот премин Блаце

Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце утрово не е во функција, а сообраќајот во моментов се пренасочува…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)

МПЦ-ОА и верниците во земјава денеска го слават денот посветен на  Преподобна Параскева (Петка), во народот познат и како Петковден.…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар е место каде што солидарноста ги поврзува културите

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?