Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски во Брисел на средба на лидерите на Западен Балкан со новиот претседател на Европскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски во Брисел на средба на лидерите на Западен Балкан со новиот претседател на Европскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Брисел на средба на лидерите на Западен Балкан со новиот претседател на Европскиот совет

Објавено December 3, 2024 09:04
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вечер во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта. 

Покрај Мицкоски, како што соопшти Советот на ЕУ, на вечерата се поканети и косовската претседателка Вјоса Османи, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ и премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Албин Курти. 

Пред вечерата најавени се билатерални средби на Кошта со Мицкоски, Рама, Цијановиќ, Вучиќ и Курти, додека за утре претпладне е предвидено претседателот на Советот на ЕУ да се сретне со Османи и Милатовиќ. 

За утре беше најавувана и средба на лидерите на земјите од Западниот Балкан со високи претставници на ЕУ, на која главна тема требаше да биде имплементацијата на Планот на Европската комисија за раст на регионот, но таа е откажана. 

Според новиот портпарол на ЕК за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие, одлагањето на средбата нема да влијае на процесот на исплата на првите средства во рамките на Планот за раст на Западниот Балкан. 

– Работиме (на реализација) на овој процес што е можно поскоро, рече Мерсие, додавајќи дека засега не е утврден нов термин за одржување на откажаната средба.  

Инаку, покрај со Кошта, предвидено е Вучиќ и Курти денеска да имаат одвоени средби и со претставничката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Иако, како што најави главната портпаролка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската комисија, Анита Хипер, средбите сами по себе не се дел од процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина што се води со посредство на ЕУ, сепак се очекува на нив да стане збор за процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово, како и за најновите тензии предизвикани од нападот врз каналот за вода во Зубин Поток во северно Косово што се случи во петокот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата
Следна Статија Приватниот авион на Новак Ѓоковиќ (ФОТО и ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса

Резултатите се јасни, Анел Фидоски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавните…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден македонските граѓани рекоа „не“ за промена на името, Заев и екипата не ги послушаа

На денешен ден 30 септември во 2018 година се одржа референдум за смена на уставното име на Република Македонија со…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот

На свечената церемонија во Монпелје – Франција, Крушево се стекна со престижното глобално признание Топ 100 Зелени дестинации 2025, влегувајќи во…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жичницата ќе се проширува од болницата Козле до Средно Водно

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје…

January 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?