Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во ЕУ со реформи и развој, а не со билатерализација на процесот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Во ЕУ со реформи и развој, а не со билатерализација на процесот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во ЕУ со реформи и развој, а не со билатерализација на процесот

Објавено December 29, 2024 23:15
Сподели
Сподели

„Ова е Влада која главен фокус во своето делување ќе го има на полето на реформите, тука пред се мислам на економските реформи, но и структурните реформи во општеството она што го зборувавме правдата, владеење на правото нешто кое е многу важно, да нема повеќе неказнивост или политички амнестирани лица зад завесата туку секој да биде отчетен за тоа што го сторил пред граѓаните, а што се однесува до националните атрибути ние не сме националисти туку едноставно патриоти луѓе кои си ја љубат државата и својот народ и својата нација“, истакна премиерот на Република Македонија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја.

Мицкоски продолжи и додаде:

„Тука немаме намера да правиме компромиси кои ќе значат уште еден удар врз нашиот македонски идентитет, македонскиот народ и нација. Премногу работи проголтавме издигестиравме овие повеќе од 3 децении независност и сега конечно треба да се посветиме на работи кои ќе не мерат по тоа што сме направиле. Ние во моментот како економија, реформска влада и сето она што го правиме сме рамо до рамо со земјите членки на ЕУ или според параметрите на најбрзо растечки економии во третиот па сега во четвртиот квартал би биле во тие 5-6 држави и тоа го правиме без да сме дел од ЕУ“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека Македонија не е дел од ЕУ поради наметната билатеризација на процесот.

„Замислете да сме дел од ЕУ? Ние не сме дел затоа што некој го билатеризираше процесот, односно билатералните прашања се наш критериум а не по тоа што испорачуваме, колку реализираме од реформите или сите оние точки кои се дел од преговарачкиот процес значи ние секогаш треба да испорачаме нешто што нема врска со европските вредности“, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Излезна анкета: Милановиќ освои 51,48 отсто од гласовите
Следна Статија ФИФА го казни Шкупи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судијката Груевска не прифати одложување на рочиштето поради спојување на двата предмети

Судијката Дијана Груевска Илиевска не го прифати барањето на бранителите на обвинетите за одложување на рочиштето поради одлуката на Обвинителството…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија се гради по 7 години пустош и понижување

Денеска е посебен ден овде во Свети Николе и навистина денот сакавме покрај тоа што го предвидовме како дружење со…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?