Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности

Објавено December 14, 2024 13:07
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму вели дека не се баш така јасни, но нашата порака е јасна дека ние доволно направивме како ниту една држава во ЕУ.

– Ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности, ќе си ја вршиме домашната задача, ако се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот во ред, во секое време сме подготвени позитивно да одговориме на таквото барање, во спротивно можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во во фокусот на оваа админситрација на Брисел, изјави премиерот Мицкоски денеска од село Таринци во Општина Карбинци, каде што присуствуваше на поставување камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“.

Тој потенцира дека ние имаме целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и потсети дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, тоа го потпишале со високиот претставник на ЕУ, кој сега не е во новата админситрација.

– Реформите ги правиме согласно мониторингот на Европа и така ќе продолжиме. Ние не сме опасност, ние сме под чадорот на ЕУ и бидејќи таму во Брисел има политичари кои одлучија да бидат заложници на политичари кои се уште се со мислите во средниот век, наместо да гледаат кон 21 и 22 век, ние повеќе отстапки немаме намера да правиме додека сме влада. Ако си најдат некоја друга влада тогаш нека си ја донесат, нека прави. Ова влада такви отстапки нема да прави затоа што не е аргументот – тоа е тоа, знаете 27 се така. Тој аргумент не води таму каде што сме денеска, дециден беше премиерот.

Се осврна на тоа, како што рече, што една на друга земја по принципот на Бугарија, а порано во минатото Грција, си ставаат вето. Според него, сега прашањето е дали ако еднаш направите преседан, потоа тој преседан станува пракса. Гледаме, истакна Мицкоски, дека таму тоа станува пракса и ја води ЕУ таму каде што не треба, секој ден некој некому поставува вето и поставува некаков ултиматум и тоа не е добро.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија го забрани Вибер
Следна Статија Американски конгресмени: Епл и Гугл да бидат подготвени да го отстранат Тик Ток на 19 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар

Во вчерашната емисија „Ставот на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој истакна…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори, соопшти Државната комисија за спречува на корупцијата. Согласно…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Колони на Табановце, се чека по 40 минути за излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци низ државата, надвор од градските средини, денеска е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?