Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за градежниот бум ширум државата: Македонија се сака со дела, правиме подобри услови за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за градежниот бум ширум државата: Македонија се сака со дела, правиме подобри услови за граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за градежниот бум ширум државата: Македонија се сака со дела, правиме подобри услови за граѓаните

Објавено January 14, 2025 12:10
Сподели
Сподели

Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков, преубав експресен пат кој што ги поврзува Куманово и Крива Паланка. Сега го пуштаме овој пат преубав кој е дел од Коридор 10, а за неколку дена од денес ќе го пуштиме првиот дел од пругата кон Бугарија која што треба да го поврзе Куманово со Бељаковце. Ова се три проекта кои треба да го одбележат почетокот на оваа година и кои што многу лесно можеше да бидат споменици на едно лошо време кое сите се трудиме да остане во заборав.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој денес ја пушти во употреба  делницата Градско-Дреново (дел од експресниот пат Градско-Фариш).

Тој пред официјалниот настан разговарал и со работниците кои учествувале во градбата на патот на кои им се заблагодари и посочи дека тие ја имаат најголемата заслуга.

-Ќе продолжиме и понатаму да ги развиваме проектите, тоа е многу значајно за нас бидејќи ние сме земја која што во суштина нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како нафта и гас и тоа во одредена смисла на зборот претставува некаков недостаток. Но тоа кое што ние го имаме, другите балкански земјо го немаат, а тоа е дека ние сме природна раскрсница на многу важни два паневропски коридори. Тоа се Коридор 8 и Коридор 10, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека продолжува проектирањето на делот до Прилеп преку Плетвар, а истовремено со несмалена динамика продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола.

-Се обидуваме да најдеме начин како да обезбедиме средства да ја завршиме обиколницата околу Битола до ГП Меџитлија со што на еден брз начин би се кориостела и оваа отсечка на Коридорот 10 преку која милиони возила годишно сообраќаат. Продолжуваме и со изградбата на Коридорот 8, со несмелена дионамика се градеше до пред да заврне снегот на автопатот кој Кичево ќе го поврзе со Охрид. Очекувам дека отсечката од Врбјани до Охртид, со можеби мало исклучување кај Ботун, да биде пуштена на почетокот од оваа туристичка сезона, а целосно таа делница да биде затворена до крајот на 2026-та година, рече премиерот.

Мицкоски посочи дека на тој начин се гради и се сака татковината.

-На тој начин ние правиме подобри услови за граѓаните и на тој начин ние ќе продолжиме да работиме затоа што само така ќе покажеме дека принципот како до сега заврши и остана на една друга страна од нашето минато и дека сега е моментот кога ја градиме државата и на тој начин Македонија се сака со дела и Македонија ќе биде повторно горда, истакна Мицкоски.

Делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус еден километар од делницата Фариш-Дреново или вкупно 16,5 километри од експресниот пат.

Вредноста на проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шпанскиот премиер: Сакаме да воведеме 100% данок на имот за купувачите кои не се членки на ЕУ
Следна Статија Русија заработила околу 3 милијарди евра даноци од компании од ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Oва се 22-те нови дестинации од скоппскиот и охридскиот аеродром

Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Искрените детски прегратки ми го окупираа срцето

Целосно ме разоружаа искрените детски прегратки, што со љубов ми го окупираа срцето додека им ги врачував новогодишните пакетчиња, вели…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата

Повторното повлекување на автобусите на ЈСП Скопје во гаражите, според премиерот Христијан Мицкоски, не е поврзано со немање нафта туку…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?