Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси

Објавено November 20, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.

Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да се врати Законот за забрана на пушењето и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и електронските цигари, бараат пулмолозите
Следна Статија ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче или не знае што говори или не живее во Македонија: Вели дека никаде од Бугарија не чул дека го негира нашиот идентитет

Лидерот на СДСМ Венко Филипче или не живее во реалноста или не е од Македонија. Не денешното одбележување од смртта…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владата ја прекинува постапката за разрешување на државниот јавен обвинител

Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Владата ќе ја прекине и доколку добие мислење од страна на…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Го знам премиерот“ не поминува веќе, вели Мицкоски

Повеќе пати го кажувам тоа, а ќе го кажам и сега, нема полоша работа за една држава и за една…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ одлучи: Учениците остануваат дома, наставата ќе продолжи само ако се најде решение

Советот на родители од основното училиште „Лазо Ангеловски“ вечерва донесе одлука за целосен бојкот на наставата почнувајќи од утре, 5…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?