Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Започна надоградба на ООУ „Ацо Шопов“ со што се овозможуваат пристојни услови за школување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Започна надоградба на ООУ „Ацо Шопов“ со што се овозможуваат пристојни услови за школување
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Започна надоградба на ООУ „Ацо Шопов“ со што се овозможуваат пристојни услови за школување

Објавено November 16, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Почитувани претставници на медиумите, почитувани приустни, навистина денеска претставува за мене посебен ден бидејќи овде во ова населено место, во ООУ „Ацо Шопов“, започнува еден проект, една надградба која што во многу нешта ќе го олесни животот на радишанци, на бутелчани, но во исто време ќе овозможи пристојни услови за другарување, за школување, за растење на децата коишто своето образование ќе го завршат овде во ова основно училиште во населбата Радишани, односно „Ацо Шопов“.

Јас можам да кажам дека секој еден нов проект којшто го правиме за Македонија, секој еден нов проект што го создаваме отпочеток претставува посебна радост и задоволство бидејќи тоа е она го очекуваат граѓаните од нас.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Министерството за образование и наука, да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата којашто неуморно работи во општина Бутел. Навистина се прават исклучително брзи и квалитетни чекори во насока на подобрување на условите за живот на нашите граѓани кога станува збор за образованието и науката, за школување и другарувањето на нашите најмили, децата. Јас сум убеден дека во периодот којшто следи ќе имаме уште многу вакви проекти ширум цела Македонија.

Овде во општина Бутел, во самиот говор градоначалникот кажа кои се проекти коишто се тековни, финансирани од општинскиот буџет, но и финансирани од буџетот на Владата. Министерството за финансии исто така министерката даде еден краток осврт за сето она што се прави низ целата територија на државата и она што ќе се прави.

Така што навистина инспиративно е да се слушаат сите овие работи дека ќе се случуваат. И тоа го препознаваат граѓаните и го одобруваат. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме, да создаваме бидејќи тоа е она за што отприлика пред шест месеци граѓаните ја дадоа довербата.

Нема да шпекулираме, нема да се сведе нашата работа на дневна политика туку на создавање нови нешта, нови проекти. Така што еве јас уште еднаш честитам, посакувам уште многу дечиња да го завршат своето образование тука.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака за развој, 50.5 милијарди денари за капитални инвестиции
Следна Статија Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата објави повик за закуп на „Македонско село“, комплексот ќе се издава на 15 години, од 1 јуни почнува со работа

Владата денеска објави оглас за изнајмување на комплексот „Македонско село“ во скопско Нерези. Комплексот ќе се издаде на идните закупци…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ова се помилуваните лица од страна на претседателката Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, по укажување на комисијата за помилување, донесе одлука за поминување на десет осудени лица. На тројца…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Заврши 17-от„Марш на ангелите“ во Кочани

Заврши 17-от Марш на ангелите во Кочани кој денеска повторно се одржа откако минатата сабота паузираше поради верскиот и државен…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?