Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила

Објавено November 27, 2024 11:50
Сподели
Сподели

Костал Македонија влегува во третата фаза на инвестицискиот циклус вредна помеѓу 45 и 50 милиони евра, со што се отвора простор и за нови 250 работни места. Во Охрид ќе се произведуваат и оттаму до сите локации на Фолксваген ќе се доставува најсофистицирана опрема за автомобилска електроника, која ќе се вградува во најсовремените модели на возила. Во овие рамки ќе се реализира уште еден проект, поврзан со „Мерцедес“, вели генералниот директор на Костал Македонија, Виктор Мизо.

„Длабоко навлегуваме во дејноста енергетска електроника на плаг-ин хибридни и електрични возила. За Фолксваген групацијата, за сите возила од новата програма, сѐ ќе се прави во Охрид и ќе се доставува на сите нивни локации. Вториот проект во овие рамки е производството на напредни мехатронски системи за Мерцедес“, изјави Мизо пред денешното официјално означување на стартот од оваа фаза во нивните активности.

Со ова вложување вкупната инвестиција на германската групација ќе надмине 150 милиони евра. Притоа, значаен е и бројот од околу 1.300 работни места. Дел од потребната опрема за производство е веќе донесена во охридската фабрика, а исто така, реализирани се и дел од вработувањата.

На денешниот настан ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Минатата година Костал Македонија беше рангиран како деветти најголем извозник од државата. На македонскиот пазар успешно опстојува осум години проследени со континуиран развој и инвестиции. На списокот клиенти со кои соработува, покрај Групацијата Фолксваген (фолксваген, ауди, порше, шкода, сеат) и Мерцедес, се и БМВ, Јагуар, Ланд Ровер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
Следна Статија ОВА се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието

Работниците предводени од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) утре во 9 часот ќе одржат протест со блокади на улиците…

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Реконструкција на Железничката станица во Скопје, треба да биде готова за пет-шест години со брзата пруга на Коридор 10

Почнува проектирање за целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје, за ремонт на пругата Зелениково- Велес, како и за санација…

October 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Амазон обвинет дека списува производи од независни продавници без дозвола

Жалби од малопродажните трговци пристигаат истовремено додека е-трговскиот џин тужи стартап поради испраќање на ИТ 'агенти' без негова согласност

January 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ново поскапување на цигарите, нека му ја мислат пушачите

Од сега пушачите во Македонија ќе плаќаат повеќе за цигарите, откако цената на сите брендови е зголемена за 10 денари…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?