Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Монструмот од Цетиње бил најден преку термална камера, ги убил и децата на газдата на кафеаната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Монструмот од Цетиње бил најден преку термална камера, ги убил и децата на газдата на кафеаната
БАЛКАН

Монструмот од Цетиње бил најден преку термална камера, ги убил и децата на газдата на кафеаната

Објавено January 2, 2025 15:20
Сподели
Сподели

Околу половина час траел крвавиот поход на Ацо Мартиновиќ во Цетиње, при што на пет локации убил 12 жртви и ранил четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа, дознава порталот Стандард.

Мартиновиќ уби три жени, седум мажи и две деца во својот убиствен занес.

Сѐ започнало во една кафана по цел ден пиење во пријателска атмосфера, кога Ацо Мартиновиќ се расправал и решил да го започне крвавиот поход.

Излегол од кафеаната за да земе оружје, а потоа брзо се вратил и ги испукал фаталните истрели кон четири лица. Мартиновиќ откако убил четири лица со кои цел ден се дружел во кафаната, продолжил да сее смрт на уште четири локации. Затемнетата свест на овој цетињенец не ги поштедил животите на две деца на возраст од 12 и 13 години, чиј татко, сопственик на кафеаната, претходно го убил.

Крвавиот поход траел помалку од половина час, по што Мартиновиќ побегнал со својот автомобил. По првите информации за пукање во кафаната и на други локации, имало индиции дека масакрот ќе продолжи на уште неколку локации, кои полицијата со брза интервенција успеале да ги обезбедат.

Како што дознава порталот Стандард, Мартиновиќ и претходно со првостепена пресуда бил осуден за недозволено поседување оружје и експлозивни материјали, поради што се стравувало дека ќе ги таргетира обвинителот и судијата што го осудил, но со интервенција на полицијата, тие локации биле брзо обезбедени.

Според неофицијални информации, Мартиновиќ по масовното убиство побегнал со својот автомобил, кој поради полициските блокади што му биле поставени низ градот решил да го напушти и да го остави на страната на патот во местото Бајице.

После тоа полицијата од неколку локации добила информација дека тој наводно бил виден, но ниту една од тие информации не била потврдена, како онаа дека се сокрил во холот на фабриката „Обод“.

Во соработка со мештаните, полициските службеници добиле нови информации дека Мартиновиќ можеби се крие во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа.

Специјалните единици на полицијата потоа го опколиле теренот, каде со помош на термална камера го забележале Мартиновиќ во близина на таа зграда.

Полицијата потоа му упатила предупредување да го остави оружјето и да се предаде. Откако се нашол во круг од кој не можел да излезе, Мартиновиќ истрчал до блискиот потпорен ѕид каде си пукал во главата, по што починал во амбулантно возило.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СОЗР: Воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци
Следна Статија Полицијата откри поврзаност меѓу напаѓачите од Лас Вегас и Њу Орлеанс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Пресврт во истрагата за малата Данка Илиќ: Ослободен еден од обвинетите

Вишиот суд во Неготин оцени дека нема доволно докази за продолжување на постапката против Радослав Драгиевиќ, кој беше обвинет за…

June 2, 2026
БАЛКАН

Масовен протест во Атина за двегодишнината од железничката несреќа

Илјадници граѓани уште од рано утрово ги исполнија улиците во центарот на Атина, како и плоштадот Синтагма за да испратат…

February 28, 2025
БАЛКАН

Рекордни цени на недвижности во Србија: Квадрат во „Белград на вода“ достигна 9.805 евра

Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод.…

November 23, 2025
БАЛКАН

Избегнувајте патување во Грција на 28. февруари – најавен голем 24-часовен штрајк

Граѓаните кои имаат намера да патуваат во Република Грција на 28. февруари, треба да го земат во предвид дека ќе…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?