Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СОЗР: Воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > СОЗР: Воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци
МАКЕДОНИЈА

СОЗР: Воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци

Објавено January 2, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Службата за општи и заеднички работи денеска информираше дека во изминатите шест месеци преземени се активности за надминување на затекнатата состојба од претходното раководство.

Како што стои во соопштението, воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивните патувања во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.

За кусо време, СОЗР стави крај на недомаќинското работење, ги оптимизираше трошоците за набавка на пијалоци и апетисани за потребите на државните органи, ги покачи цените на угостителските услуги во владините објекти, со што минато станаа привилегиите за избраните функционери, а во завршна фаза е и постапката за ставање крај на лошите практики за злоупотреба на службените возила, преку изготвување на посебен регистар и унифицирање на службените возила, наведуваат од СОЗР.

Според директорот на СОЗР Ивица Томовски, затекнати се запуштени објекти сопственост на државата и се преземаат активности за надминување на состојбите.

Големо безредие и тотален хаос наследивме со државниот имот од кој 80 отсто имаше нерешени имотно-правни односи, затекнавме запуштени вили сопственост на државата, заборавени репрезентативни објекти. По извршена анализа на состојбите, конкретни чекори презедовме и во таа насока, вели Томовски.

Како што информира СОЗР, направен е анекс на проектот за реконструкција на Палатата АСНОМ, се преземаат мерки за заживување на комплексот „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници.

СОЗР во моментов врши анализи на условите за изградба на втора фаза од Жичницата, од црквата „Св.Јован“ во Капиштец до Средно Водно, како и за доградба на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, објекти кои шест години се во фаза на карабина, велат од СОЗР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија, вели премиерот Мицкоски
Следна Статија Монструмот од Цетиње бил најден преку термална камера, ги убил и децата на газдата на кафеаната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од понеделник 38 степени

Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

Сузана Јошевска-Анастасовска, членка на Судскиот совет, на социјалните мрежи одговори на министерот за правда Игор Филков, кој побара одговорност за…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ангелов-Ќосето револтиран од ослободувањето на Јахоски: Да ви кажам кога ќе се вратам да лежам затвор, кога ќе прдне Тито

Горан Ангелов Ќосето, осуден за „27 април“ кој осум години помина зад решетки и излезе на лекување со повеќе дијагнози,…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Нови 20 милиони евра од САД за македонската одбрана, Америка максимално нè поддржува

Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра, од кои дел се за софистицирани дронови. Сите…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?