Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Можно е минимално поскапување на струјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Можно е минимално поскапување на струјата
ЕКОНОМИЈА

Можно е минимално поскапување на струјата

Објавено November 30, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Од 1 јануари можно е граѓаните да имаат повисоки сметки за струја, но точниот процент на поскапувањето сè уште не е познат. АД ЕСМ му понуди на ЕВН Хоум цена од 62 евра за мегават-час, што претставува зголемување од 3,3% во однос на сегашните 60 евра.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најавува конечна одлука следната недела, откако ќе бидат финализирани тендерите за струја за загуби во преносот и дистрибуцијата.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, вели дека клучната компонента за крајната цена е трошокот за загуби во мрежата, а анализите сè уште се во тек.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека покачувањето ќе биде минимално и ќе се однесува само на третиот и четвртиот блок, додека во првиот и вториот блок, каде што се мнозинството од домаќинствата, нема да бидат засегнати.

„Максимумот што може да се случи е покачување од 3 проценти во третиот и четвртиот блок, а за првиот и вториот блок да нема никакво покачување. Сметаме дека граѓаните во најзагрозените категории нема да почувствуваат притисок врз буџетите,“ изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти
Следна Статија Мицкоски: Дадовме шанса, но од државниот јавен обвинител не добивме резултати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место

Инклузивната и праведна зелена енергетска транзиција е невозможна без еднакво учество на жените. Тоа беше пораката што силно одекна на…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во оваа земја од ЕУ најмалку работат

Италијанците работат во просек 32,8 години во текот на својот живот, што е втора најниска вредност во Европската унија по…

August 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.…

November 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?