Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муртезани се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муртезани се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување
МАКЕДОНИЈА

Муртезани се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување

Објавено February 5, 2025 18:21
Сподели
Сподели

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.

Министерот Муртезани го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи на исполнување на реформските цели и дека успешната имплементација на Реформската агенда ќе претставува значаен фактор за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ, како дел од процесот на пристапување. Тој исто така ја нагласи посветеноста на земјата кон целосна имплементација на важноста на Планот за раст, кој ќе биде главна тема на претстојниот состанок на лидерите на Западен Балкан во Скопје, во март годинава. Муртезани изрази увереност дека Македонија е подготвена да продолжи со конкретни чекори кои ќе ја приближат земјата кон Унијата.

„Македонија останува цврсто посветена на своите стратешки интереси за успешно реализирање на нашето европско досие. Подготвени сме да преземеме неопходни реформи и да се фокусираме на принципиелни решенија кои ќе бидат во интерес на државата и сите нејзини граѓани. Со стабилност, напредок и конструктивен дијалог, ќе ја оствариме нашата цел – полноправно членство во Унијата.“ – нагласи МЕП Муртезани.

Соговорниците разменија мислења и за уставните измени во контекст на предизвиците на европскиот пат. Тие констатираа дека добрососедските односи се од клучно значење за напредокот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија и дека сите решенија треба да бидат во согласност со волјата на граѓаните. Изразена беше подготвеноста за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ, базиран на принципите на стабилност, помирување и заедничка одговорност, соопштуваат од СЕП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка
Следна Статија (ВИДЕО) Читач од усни откри што ѝ шепна Џеј Зи на Бијонсе кога ја доби Греми наградата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Арсовска повторно „лови“ дивоградби, го повика Ганиу да дојде и да и се закани во лице ако бил „маж“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска повторно се вклучи во живо од терен во Чаир, каде ги „лови“ нелегалните градби на,…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок

Очекувам во текот на утрешниот ден некои податоци кои што ќе ги објават институциите да бидат пријатно изненадување и потврда…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Свлечиште сруши дел од патот среде Галичник

Во Галичник на патниот во правец кон хотел Неда и Старацрков после мостот има свлечиште кое го отежнува движењето на…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Калас: Патот кон ЕУ е полн со предизвици и предолго чекање, државата очекува појасна потврда од Унијата

Разговаравме отворено како што доликува на партнери кои се стремат кон заедничка иднина. Разговаравме за патот кон ЕУ, пат кој…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?